Европа
Во Франкфурт мигрант го фрлил детето на пруга поради одмазда

Mаж од источноафриканската држава Еритреја на возраст од 40 години во понеделникот турнал мајка (40) и нејзиниот малолетен син (8) на железничка пруга во Франкфурт.
Мајката успеала да го избегне налетот на возот, но нејзиниот син бил прегазен и загинал на самото место.
Според последните информации, мажот не ги познавал жената и детето. Полицијата и натаму го истражува точниот мотив, но некои извештаи на медиумите велат дека тој сакал да се одмазди за напад врз негов сонародник, кој бил извршен во Есен на 22 јули. Германец пукал од својот автомобил и повредил друг Еритреец, по што се самоубил.
Инаку, напаѓачот во Франкфурт претходно бил во Швајцарија и е барател на азил. Тој избегал по нападот, но бил фатен од случајни минувачи и предаден во полиција, пренесе „24 сата.хр“.
Некои од сведоците на нападот на железничката станица во Франкфурт доживеале шок и им била укажана лекарска помош. Мајката на загинатото момче претрпела нервен слом.
Ова е трет ваков напад во Германија од почетокот на годината. Џексон Б. (28), по потекло од Србија, ја турнал Ања Н. (34) на шините на станицата „Воерде“ на 20 јули. Како што рекол во полиција, тоа го сторил едноставно од желба да убие некого. Во моментот тој е во притвор.
Лука и Фредерик, двајцата на возрасрт од 16 години, на 27 јануари годинава се враќале од забава. На метро-станица во Нирнберг почнале да се расправаат со двајца 17-годишници. Повозрасните момчиња ги турнале помладите на шините. Ги прегазил воз и починале на самото место. Против еден 17-годишник почнат е судски процес, пишува „Билд“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Вонреден самит на ЕУ за Украина свикан за 6 март

Европската унија свика вонреден самит за Украина и европската безбедност за 6 март, објави денеска претседателот на Европскиот совет Антонио Коста.
„Одлучив да свикам посебен Европски совет на 6 март“, објави Коста на социјалната мрежа Икс.
I have decided to convene a special European Council on 6 March.
We are living a defining moment for Ukraine and European security.
In my consultations with European leaders, I’ve heard a shared commitment to meet those challenges at EU level: strengthening European Defence…
— António Costa (@eucopresident) February 23, 2025
„Живееме во одлучувачки момент за Украина и европската безбедност“, нагласи тој, додавајќи дека во неговите консултации со европските лидери слушнал „заедничка посветеност“ за соочување со овие предизвици на ниво на ЕУ. Притоа го наведе „зајакнувањето на европската одбрана и одлучувачкиот придонес за мирот на нашиот континент и долгорочната безбедност на Украина“.
Тој исто така нагласи дека ќе продолжи да работи заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и сите земји-членки за да бидат подготвени да донесат одлуки на 6 март.
Европа
Шолц го призна поразот: Ова е горчлив изборен резултат

Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ е победник на предвремените парламентарни избори во Германија, а десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) е втора политичка сила, според првите излезни анкети.
На трето место е Социјалдемократската партија на Германија (СПД) со 16 отсто, што е најслаб резултат во повоената историја на партијата.
Олаф Шолц им се обрати на своите сопартијци во Берлин додека се обидуваат да ги обработат овие резултати.
„Ова е горчлив изборен резултат за Социјалдемократската партија, а во исто време и изборен пораз“, рече тој.
„Мислам дека можеме да бидеме горди на фактот што соработувавме толку тесно заедно во тешки времиња“.
Европа
Мерц: Победивме

Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ е победник на предвремените парламентарни избори во Германија, а десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) е втора политичка сила, според првите излезни анкети.
Фридрих Мерц, лидерот на Демохристијаните (ЦДУ), им се обрати на поддржувачите во Берлин по објавувањето на излезните анкети.
„Победивме на овие избори“, изјави тој со громогласен аплауз.
Неговата партија, заедно со нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), освои вкупно 29 отсто од гласовите, според непотврдените излезни анкети.
„Она што сакам да им го кажам на нашите гласачи е ви благодарам што ја дадовте довербата во нас, во мене лично и во нашата партија, бидејќи знам што значи тоа во однос на одговорноста“, продолжи тој.
„И јас сум свесен за обемот на работата пред нас. Ја преземам таа одговорност со најголема почит“.
Тој нагласи дека е неопходно брзо да се формира коалиција.
„Надворешниот свет нема да не чека“, рече тој.
„Сега ќе разговараме меѓусебно и мора да формираме одржлива влада во Германија што е можно поскоро – влада која може да дејствува врз основа на мнозинство“.