Свет
Децата го избираат својот пол, „непослушните“ држави се казнуваат: ЕУ со нова стратегија за родова идеологија
Според новата стратегија на ЕУ усвоена од Европската комисија, децата би можеле да го изберат својот пол во училиштата, а земјите-членки на Унијата би можеле да бидат казнети за оспорување на родовата идеологија, објави денес британскиот Телеграф, пренесуваат медиумите во регионот.
Европската комисија, според напиисте, ја усвои Стратегијата за еднаквост на LGBTIQ+ лицата 2026-2030 година со цел да се изгради Унија во која, како што е наведено, различноста се слави како дел од колективното богатство, каде што сите луѓе можат да „бидат свои“ без ризик од дискриминација, исклучување или насилство.
Стратегијата, објавена на веб-страницата на ЕУ, означува нова фаза во напорите за промовирање на еднаквоста за ЛГБТИК+ лицата, за заштита на LGBTIQ+ лицата од штетни практики и злосторства од омраза, како и за зајакнување на ЛГБТИК+ заедниците и телата кои промовираат еднаквост.
Според Телеграф, Стратегијата предвидува блокирање на средствата за дискриминаторски региони и го поддржува зајакнувањето на телата за еднаквост.
Во однос на самоидентификацијата, земји како Велика Британија бараат одобрение од матичен лекар пред на лицето да му се дозволи законски да се идентификува како спротивен пол.
„Телеграф“ пишува дека барањата за законско признавање на полот значително се разликуваат меѓу земјите-членки.
Како што наведува, „Комисијата ќе ја олесни размената на најдобри практики меѓу земјите-членки за да се поддржи развојот на процедури за законско признавање на полот врз основа на самоопределување кои се ослободени од ограничувања на возраста“.
Документот, исто така, предлага забрана за разговорна терапија за деца кои страдаат од родови проблеми, објавува „Телеграф“, додавајќи дека ова би значело дека родителите или експертите нема да имаат начин да проверат дали детето навистина сака да започне неповратни процедури за промена на полот.
Главната извршна директорка на добротворната организација за права засновани на пол „Сексот е важен“, Маја Форстатер, го нарече Брегзит „милосрдие“ затоа што, вели таа, Велика Британија нема да мора да ги следи овие „злокобни“ планови.
„Оваа ужасна стратегија на ниво на цела ЕУ промовира законска родова самоидентификација за деца од сите возрасти и забрана за разговорна терапија за ранливи деца. Милосрдие е што активистите за родови права во Велика Британија не мора да се справуваат со оваа злокобна стратегија и штетното освојување на институциите на ЕУ, покрај нашите сопствени предизвици во Велика Британија“, рече Форстатер.
„Телеграф“ со потсетување дека документот на Комисијата сè уште не е конечен и треба да биде ратификуван од националните влади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

