Свет
Децата што беа спасени од пештерата на Тајланд девет дена ќе поминат во будистички храм
Младите фудбалери што беа спасени од поплавената пештера на Тајланд заминуваат на неколкудневно повлекување во будистички храм пред да му се вратат на секојдневниот живот. Според тајландските власти, тие ќе заминат на деветдневно повлекување. Тоа ќе биде прво будистичко повлекување за момчињата. Само едно момче нема да им се придружи бидејќи е христијанин.
Праксата со заминување во будистички храмови е вообичаена во земјите каде што мнозинството население се будисти. Нивното повлекување почнува на 25 јули кога, според традицијата на будизмот, ќе им бидат избричени главите и ќе им бидат предадени униформи на будистички свештеници. Момчињата ќе бидат во разни храмови до 4 август.
Момчињата и нивниот тренер на 23 јуни влегоа во пештерата „Там Луанг“, каде што набргу ги зароби поплава. По 10 дена, ги пронајдоа нуркачи. Спасувачката акција траеше три дена и заврши на 10 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Мичиген уапсен маж кој му се заканувал на Трамп
Според извештајот на „Детриот њуз“, агентите на ФБИ уапсиле две лица во Мичиген поради закани поврзани со изборите.
Еден од осомничените, наводно го користел корисничкото име ShootUpTrumpRally на Редит и им рекол на истражителите дека „се би било подобро ако Трамп е мртов“. Некои локални медиуми пишуваат дека тој дури планирал да го убие Трамп.
Вториот осомничен беше обвинет за долгогодишни закани до политички акциски одбор поврзан со демократите, и покрај претходните предупредувања од ФБИ дека може да се соочи со кривична пријава ако продолжи со однесувањето.
Свет
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, го разреши министерот за одбрана Јоав Галант, соопшти неговиот кабинет. Израел Кац, кој моментално ја извршува функцијата министер за надворешни работи, ќе стане министер за одбрана, а Гидеон Саар ќе го замени Кац на функцијата министер за надворешни работи.
Во јули, Галант повика на национална истрага за неуспесите во нападот на Хамас на 7 октомври, велејќи дека тој и неговиот шеф, премиерот Бенјамин Нетанјаху, треба да бидат под истрага. Министерот ова го коментираше на церемонијата на доделување дипломи за нови воени офицери, на која присуствуваше и Нетанјаху, чија коалициска влада веќе е потресена од внатрешни конфликти.
Државната истрага, рече Галант, „мора да биде објективна, треба да не засега сите нас, оние кои донесуваат одлуки, како и оние што ги спроведуваат, односно владата, војската и безбедносните агенции“. „Tреба да ме испита мене како министер за одбрана, да го испита премиерот“, рече Галант, додека толпата навиваше.
Нетанјаху ги отфрли претходните повици за национална истрага за нападот на Хамас на 7 октомври, кој ја поттикна војната во Газа, велејќи дека истрагата за тоа што се случило треба да се спроведе по завршувањето на војната. Само владата може да одлучува за формирање на Државната истражна комисија, која има широки овластувања и чии наоди имаат тежина. Главниот судија на Врховниот суд ги избира своите членови.
Минатата година, по неколкумесечни протести низ целата земја против плановите на владата да ги ограничи овластувањата на врховниот суд, Галант рече дека предложениот закон од владата треба да се отфрли. Нетанјаху веднаш го отпушти, по што десетици илјади Израелци излегоа на улиците во знак на поддршка на Галант. Долгогодишниот премиер на крајот попушти и го задржа Галант во кабинетот. Галант оттогаш повторно се судри со Нетанјаху околу тоа каква стратегија да се води во Газа, што поттикна некои членови на нивната партија Ликуд да побараат негово отстранување од функцијата.
Свет
Некои советници му предлагале на Трамп порано да прогласи победа на изборите
Некои од советниците на Доналд Трамп сугерираат дека ако тој има значително водство во клучните држави како Пенсилванија на изборната ноќ, би можел да размисли за предвремено прогласување на победата, иако не е јасно дали ќе го следи тој совет.
Според извори блиски до Трамп, некои веруваат дека тој би можел да го стори тоа ако има водство од неколку стотици илјади гласови или ако неговите анкетари сметаат дека победата е многу веројатна, дури и ако резултатите не се целосно потврдени до вечерта.
Сепак, дури и блиските сојузници на Трамп, како што е поранешниот стратег на Белата куќа, Стивен Банон, му предложија да се воздржи од изјави ако трката е премногу блиска за да избегне критики.
Кампањата на Трамп проектира доверба во победата, што ги зголеми очекувањата кај неговите поддржувачи. Секое предвремено објавување на победа може дополнително да ги зајакне наводите за нефер изборни резултати во случај на пораз.