Свет
„Деца носеа други повредени деца, некои крвавеа, а други изгореа“, драматично сведоштво на сведок по бомбардирањето на бегалскиот камп во Газа
Мухамед ал-Асвад бил на само 100 метри од бегалскиот камп „Џабалија“ во северниот дел на Газа кога слушнал звук на ракети за време на вчерашното израелско бомбардирање на еден од осумте бегалски кампови, во кој загинаа десетици луѓе.
„Трчав како луд во таа област. Го најдов семејството безбедно, но сцената беше ужасна“, изјави Ал Асвад за Си-ен-ен на телефон од Појасот Газа.
An Israeli air strike has hit the densely-populated Jabalya refugee camp in northern Gaza, Israel Defense Forces confirm. Now, at least 50 people are dead and another 150 wounded, local health authorities say. pic.twitter.com/t0AWEkaUHu
— VICE News (@VICENews) October 31, 2023
„Децата носеа други повредени деца и трчаа, а сивата прашина го исполни воздухот. Тела висеа од урнатините, многу од нив непрепознатливи. Некои крвавеа, а други изгореа“, рече тој.
Тој вели дека во овој крај живеат повеќето негови роднини, како и многу бегалци што дошле таму. Погодената област била толку жешка што му изгореле нозете, раскажува тој.
„Луѓето беа хистерични, повеќе од 40 куќи беа целосно уништени. Жените врескаа. Не знаеја дали да плачат за децата или да трчаат да ги бараат, особено што децата си играа во соседството“, изјави сведокот за Си-ен-ен.
Ал Асвад рече дека претходно добил обука за цивилна одбрана и за болничар за да може да помогне во спасувањето на луѓето.
„Повредените се обидуваа да ги понесат своите најблиски и да ги однесат во брзата помош, без разлика дали се мртви или тешко повредени. Други ги користеа своите колички со магариња за да ги однесат повредените во болници“, рече Ал Асвад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас предаде тела, Израел порачува: „Борбата за нашите заложници не запира“
Израел ги презеде телата на двајца заложници кои ги држел Хамас во Газа, пренесе ЦНН. Посмртните останки биле предадени преку Црвениот крст и пренесени на идентификација во израелскиот форензички институт.
Од кабинетот на израелскиот премиер соопштија дека „напорите за враќање на сите заложници продолжуваат и нема да престанат додека не се вратат сите“.
Примопредавањето се случува два дена по израелските воздушни напади во Газа, во кои, според палестинското министерство за здравство, загинале повеќе од 100 лица. И покрај ескалацијата, и Израел и Хамас изјавиле дека остануваат посветени на прекинот на огнот посредуван од САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека „ништо нема да го загрози примирјето“ и се закани дека ќе го „елиминира Хамас“.
Последното примопредавање, според медиумите, поминало без компликации, за разлика од претходните случаи кога Хамас ја повлекуваше одлуката за предавање поради израелски напади.
Свет
Медведев го нарече белгискиот министер „имбецил“, Франкен му возврати со песна на Селена Гомез
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен влезе во вербален судир со поранешниот руски претседател и сегашен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Се започнало кога Франкен изјавил дека, доколку Русија ја нападне Белгија, „НАТО би ја израмнил Москва со земја“. На тоа, Медведев остро реагирал, нарекувајќи го „имбецил“ и потсетувајќи дека оваа недела Русија го тестирала нуклеарното суперторпедо „Посејдон“, кое го опишал како „вистинско оружје на судниот ден“.
Франкен утрово возвратил преку Инстаграм: „Главниот руски насилник не престанува да се заканува и навредува. НАТО не е во војна со Русија, но принципот на одмазда е неприкосновен веќе 76 години. Не повлекувам ниту збор.“
На крајот, министерот ја споделил песната „Calm Down“ од Селена Гомез со порака до Медведев – да се „смири“.
Свет
Зеленски: Новите санкции ќе ѝ донесат на Русија загуби од најмалку 50 милијарди долари годишно
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека новите санкции против Русија ќе ѝ предизвикаат годишни загуби од најмалку 50 милијарди долари, пренесе „Укринформ“.
Тој се повика на извештај на шефот на украинската надворешна разузнавачка служба Олег Ивашченко и рече дека санкциите против нафтените компании веќе создаваат сериозни финансиски последици за Москва.
Зеленски изрази надеж дека ќе следат и нови санкциски мерки, нагласувајќи дека арапските земји со своите испораки нафта можат да спречат какви било потреси на светскиот пазар.
Тој додаде дека Украина сојузниците редовно ги информира за лица и структури што заслужуваат санкции и дека „голем дел од нашите предлози се земаат предвид“.
На 23 октомври високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас објави дека е одобрен 19-от пакет санкции против Русија, а американското министерство за финансии веќе воведе мерки против „Росњефт“ и „Лукоил“. Зеленски претходно изјави дека американските санкции би можеле да ги намалат руските приходи за околу 5 милијарди долари месечно.

