Свет
Диво куче гризнало девојче на плажа во Австралија: Се здобило со повреда на главата, родителите едвај ја спасиле

Шестгодишно девојче било нападната од диво куче на плажа во Австралија додека пливала во плиткото.
Девојчето се здобило со повреди на главата, како и со полесни рани на рацете.
На девојчето ѝ било укажана медицинска помош на местото на настанот, но на крајот била пренесена во болница во Квинсленд.
Животното ја држело под вода неколку моменти пред другите членови на семејството да и помогнат и да ја извлечат од водата“, изјавиле членовите на спасувачката екипа, пренесува Мирор.
Австралискиот остров Фрејзер, каде што се случил нападот, е познат по своите „динго“, вид на диви кучиња. Секоја година ги предупредуваат туристите, кои престојуваат на островот, да бидат внимателни бидејќи овие диви животни брзо се движат и обично се појавуваат од никаде.
„Никогаш не оставајте ги децата да спијат сами во шатори или да одат сами на прошетка без надзор на повозрасно лице“, стои во предупредувањето до туристите.
Последниот фатален напад се случи во 2001 година кога деветгодишно момче беше убиено од глутница диви кучиња на овој остров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел му се закани на Хамнеи: Ќе завршиш како Садам Хусеин

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац упати предупредување до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, претходно денеска, сугерирајќи дека тој може да доживее судбина слична на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, јавува „Иран Интернешнл“.
„Го предупредувам иранскиот диктатор да не продолжи да врши воени злосторства и да пука ракети врз израелските граѓани. Треба да се сети што се случи со диктаторот во земја сосед на Иран кој тргна по тој пат против државата Израел“, рече Кац.
Свет
Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало мајка си

На социјалните мрежи се шири вознемирувачка снимка од моментот кога двегодишно момче случајно ја застрелало мајка си откако го земало пиштолот на неговиот татко, јавуваат бразилските медиуми.
На снимката од надзорните камери во семејниот дом во бразилската држава Мато Гросо до Сул се гледа како момчето зема пиштол од масата и го влече чкрапалото додека мајка му се врти кон него.
Родителите седеле и разговарале и не забележале дека момчето посегнува по оружјето. На видеото се гледа како куршумот ја погодил жената во градите и раката. После тоа, таа станала, но набрзо паднала на подот. Момчето истрчало кон мајка си, а неговиот татко го зел оружјето од подот.
Жената беше идентификувана како 27-годишната Дебора Родригес Монтеиро, а нејзината фотографија беше објавена во бразилските медиуми. Полицијата отвори итна истрага и потврди дека таткото на момчето, инаку земјоделец со дозвола за поседување оружје, ќе одговара за убиство од небрежност.
Според локалните медиуми, детето најверојатно ќе биде вклучено во програма за психолошко советување. Засега не се знае дали ќе остане со својот татко или ќе биде предаден на социјалните служби.
Началникот на локалната полиција Даниеле Фелисмино потврди дека жената била пренесена во болница, каде што била констатирана смрт. Полицијата ги запленила пиштолот и муницијата, а обдукцијата била извршена во саботата наутро, ден по трагедијата. Резултатите се уште не се објавени. Згрозените жители на градот и општината Рио Верде де Мато Гросо на социјалните мрежи изразија сочувство на семејството.
Свет
Зеленски: Нападот врз Киев е најтешкиот од почетокот на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во текот на ноќта Киев бил погоден од еден од најтешките напади од почетокот на војната, а Русија употребила повеќе од 440 беспилотни летала и 32 проектила во масивна офанзива.
Зеленски на мрежата „Икс“ изјави дека биле нападнати и регионите Одеса, Запорожје, Чернигов, Житомир, Кировохрад, Миколаев и Киев.
Во Киев се оштетени згради во осум области, а спасувачките тимови трагаат по преживеани под урнатините на станбена зграда.
„Сè уште не е јасно колку луѓе се заробени. Русите уништија цел дел од зградата“, рече Зеленски.
Според досегашните податоци, најмалку 15 лица загинале, а 75 се повредени.
„Сите повредени ја добиваат потребната помош“, додаде украинскиот претседател.
Зеленски ги нарече нападите чист тероризам и ги повика меѓународните партнери, вклучително и САД и ЕУ, да реагираат поодлучно.
„Путин ја продолжува војната затоа што верува дека може да си ја дозволи. Светот не смее да замижува. Терористите мора да ги почувствуваат последиците, а не невините цивили“, рече Зеленски.