Свет
Директорот на ЦДЦ: Бремените жени имаат поголем ризик од тежок облик на коронавирус

Бремените жени имаат поголем ризик од тежок облик на Ковид-19 во однос на жените кои не се бремени, изјави шефот на американскиот Центар за превенција на болести (ЦДЦ), Роберт Редфилд.
ЦДЦ откри дека најверојатно бремените жени ќе бидат примени на одделот за интензивна нега и сместени на респиратор.
Сепак, агенцијата наведува дека бремените жени немаат поголем ризик од смрт и додава дека сè уште нема податоци за тоа како Ковид-19 влијае на исходот на овие бремености.
Редфилд рече дека почестото појавување на заразата кај младите може делумно да се припише на зголемувањето на дијагностицирањето на болеста во таа група, која има помала веројатност да биде хоспитализирана отколку повозрасните.
ЦДЦ може да ја користи социјалната мрежа „Тик-Ток“ за да испрати предупредувања до младите луѓе за да држат физичко растојание, да носат заштитни маски и да избегнуваат големи собири.
„Овие жаришта што ги гледаме … се значајни и треба да одговориме на нив“, рече Редфилд, укажувајќи на порастот на хоспитализациите во Аризона и Тексас.
ЦДЦ наведува дека најмногу изложени на ризик се лицата со сериозни кардиоваскуларни и бубрежни заболувања, хронично опструктивно белодробно заболување, дебели луѓе, оние кои биле подложени на трансплантација на органи или имаат дијабетес тип 2.
Луѓето со висок крвен притисок се исто така изложени на ризик, но помалку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Израелските напади врз болница во Газа не можат да се толерираат

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека израелските напади врз болница во Газа, кои предизвикаа смрт на цивили и новинари, се неприфатливи.
Макрон напиша на платформа X дека цивилите и новинарите мора да бидат заштитени во сите околности.
„Медиумите мора да можат слободно и независно да ја извршуваат својата мисија да известуваат за конфликти“, рече Макрон, повикувајќи го Израел да го почитува меѓународното право.
Тој истакна дека целта е да се постигне траен прекин на огнот во Појасот Газа, ослободување на сите преостанати заложници што ги држи Хамас и разоружување на таа палестинска милитантна група, како и испорака на хуманитарна помош во Газа.
Палестинските здравствени претставници објавија дека најмалку 20 лица се убиени во израелскиот напад врз болницата Насер, вклучувајќи пет новинари, спасувачи и здравствени работници, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Сакс: Европа треба да ги нормализира односите со Русија

Европските земји треба да ги нормализираат односите со Русија, што е во согласност со нивните национални интереси, изјави Џефри Сакс, директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија во Њујорк.
„Ѝ реков на Европа: обединете се дипломатски и водете нормална дипломатија со Русија. Разговарајте, преговарајте и не зависете од САД, кои имаат сосема различни интереси, во овој поглед“, рече Сакс во интервју за „Хиндустан Тајмс“.
Сакс истакна дека Европа, особено Германија, има успешно искуство во економските односи со Русија.
„По 1991 година, Русија ја снабдуваше Германија со јаглеводороди, што му овозможи на Берлин да ја изгради својата тешка индустрија. Сепак, германската енергија повеќе не е во предност“, рече Сакс.
Според него, постојат бројни причини за европската политика на конфликт со Москва, од кои главната е што САД активно манипулираа со политичката средина во Европа со децении и сакаа да ја ограничат соработката на европските земји со Русија.
„Вториот фактор е моменталната русофобија. Сите мислат дека Русија ќе ја нападне Европа, што е најапсурдна идеја“, вели Сакс.
Тој додаде дека ваквите загрижености само ја зголемуваат зависноста на европските земји од американската воена помош.
Претседателот на Финска, Александар Стуб, претходно изјави дека во Европа се водат преговори за потенцијално продолжување на комуникацијата со Русија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги покани лидерите на европските земји, првенствено Германија и Франција, да одржат самит со Русија.
Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, призна дека Европа ја разбира потребата од обновување на односите со Москва.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Голем пожар во пристаниште во Хамбург: одекнуваат експлозии, автопатот е затворен

Попладнево голем пожар избувна во пристаништето во Хамбург, најголемото во Германија. Густиот црн облак од чад над Хамбург може да се забележи од километри наоколу.
Експлозиите во складот активираа голем број полициски и противпожарни екипи во градот, парализирајќи неколку населби и автопати за време на шпицот, објави Билд.
🔥 Update Hamburg-Veddel:
Lagerhalle in Flammen, Gasflaschen explodieren – Feuerwehr mit Großaufgebot vor Ort.👉 Verletzte bestätigt
👉 A1 zwischen Norderelbe & Moorfleet voll gesperrt, lange Staus
👉 Polizei & Nina-App warnen vor Rauch#Hamburg #Großbrand #A1 #Veddel pic.twitter.com/nevMNjJsvu— Blaulichtreport-Deutschland (@BlaulichtDe) August 25, 2025
Во 15:31 часот беше пријавен пожар во складот. Наводно, автомобил се запалил во бродската компанија. Експлозии се слушнале од боци со гас, кои наводно содржат азотен оксид.
#BreakingNews
Massive fire in #Hamburg! Thick black smoke clouds drifted over the southeastern neighborhoods in Hamburg. Several warehouses are burning. Explosions were heard repeatedly. 🔥 https://t.co/fsb5SOGwPN pic.twitter.com/bzyuqJnuQ0— Stefan K. (@Nighttiger1) August 25, 2025
Според непотврдени информации, во пожарот има повредени, пренесува медиумот.
Полицијата го затвори пристаништето, а бројни противпожарни бригади беа испратени на местото на настанот, но не можеа да стигнат до пожарот поради експлозиите.
Фото: принтскрин