Свет
Дмитриј Песков: Во моментот нема предуслови за завршување на војната во Украина

Во моментот нема предуслови за завршување на војната во Украина или која било од нејзините фази, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Вчера, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена за преговори за решавање на ситуацијата во Украина, пренесува „РИА новости“.
Тој нагласи дека преговорите треба да бидат насочени кон елиминирање на основните причини за кризата и да се има предвид реалната состојба на теренот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп најави нови царини на лекови, камиони и мебел

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека од 1 октомври ќе стапат на сила нови царини: 100 отсто на увоз на брендирани лекови, 25 на тешки камиони, 50 на кујнски ормари и 30 проценти на тапациран мебел.
Трамп изјави дека целта е заштита на домашното производство и националната безбедност, додека Американската стопанска комора и повеќе сојузници предупредија дека мерките ќе ги погодат блиските трговски партнери и голем дел од индустријата.
Свет
Покренато обвинение против поранешниот шеф на ФБИ

Федерална голема порота во Вирџинија подигна обвинение против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, поради наводно лажно сведочење пред Конгресот во 2020 година.
Коми се изјасни за невин и порача дека ќе се брани на судење кое е закажано за 9 октомври. Ако биде прогласен за виновен, му се заканува казна до пет години затвор.
Обвинението го води поранешна адвокатка на Доналд Трамп, што предизвика реакции и критики од демократите, кои случајот го оценија како „срамотен напад врз владеењето на правото“.
Свет
Трамп ја повика Турција да престане да купува нафта од Русија

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја повика Турција да престане да купува нафта од Русија, објави денес Би-Би-Си.
Трамп му рече на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Белата куќа дека прекинувањето на увозот би било „најдоброто нешто“ што Анкара може да го направи.
Средбата во Овалната соба заврши без решение за прашањето за санкциите на САД против Турција или продажбата на напредни борбени авиони Ф-35, но Трамп изрази оптимизам.
Турција со години не може да набави американски авиони Ф-35. Во 2020 година, Трамп воведе санкции врз Турција затоа што купи руски противвоздушни системи С-400, а една година претходно поради ова, беше исфрлена од програмата во која произведуваше делови за тој авион.
За време на кратките изјави за медиумите, Трамп денес изјави дека сака Турција „да не купува нафта од Русија додека таа продолжува со своите напади во Украина“.
„Најдоброто нешто што може да го направи е да не купува нафта и гас од Русија“, рече Трамп.
Заедно со Индија и Кина, Турција е еден од најголемите купувачи на руски енергетски производи.
Трамп додаде дека верува оти Ердоган е почитуван и од украинскиот претседател Володимир Зеленски и од рускиот претседател Владимир Путин, што значи дека би можел да има големо влијание врз војната ако сака, пишува Би-Би-Си.
Фото: ЕПА