Свет
Доаѓа првиот топлотен удар – во Шпанија оваа недела се очекуваат температури од 40 степени
Во некои делови на Шпанија се очекува оваа недела температурите да достигнат до 40 Целзиусови степени.
Првиот топлотен бран годинава ќе пристигне еден месец порано од лани.
Пролетта во Шпанија оваа недела ќе личи на средината на летото бидејќи во некои региони температурата ќе биде над 30 степени, а во некои и 40 степени, објави „Блумберг“.
Екстремно топол воздух, кој се движи од Африка кон север, ќе доведе до пораст на температурата на Пиринејскиот Полуостров на 25 и 26 април, а максимумот ќе го достигне на 27 и 28 април, објави во неделата шпанската метеоролошка агенција.
Агенцијата соопшти дека високите температури, заедно со ниската влажност и ветровите со брзина од над 30 километри на ча,с ќе стават голем дел од земјата во висок ризик од пожар.
Западна Европа имаше невообичаено топла и сува зима и овие услови веројатно ќе продолжат во пролетните и летните месеци, според два одделни извештаја од Европската агенција за набљудување на Земјата.
Европа минатата година го имаше најсувото лето во последните 500 години, а другите области на северната хемисфера, од САД до Кина, исто така доживеаја силна суша. Шпанија го имаше вториот најтопол и најсув март во историјата, според американскиот Национален центар за информации за животната средина.
Глобалната просечна температура беше исто така втора највисока за март од почетокот на евиденцијата во 1850 година. Делови од Шпанија веќе ја ограничуваат употребата на вода за земјоделството и индустрискиот сектор, како и за наводнување јавни градини или полнење базени.
Во Индија. во источните региони на земјата, минатата недела забележаа температури од 40 до 44 Целзиусови степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руското Министерство за одбрана тврди: Руската армија презеде контрола над пет населени места во регионот Харков
Руската армија ја презеде контролата врз населбите Борисовка, Огурцово, Плетенјовка, Пиља и Стрелечја во областа Харков, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Армиските единици од групата ‘Север’ ги ослободија населените места како резултат на акциите“, соопшти Министерството, пренесува „РИА Новости“.
Дополнително, се додава дека руската единица поразила четири украински бригади.
„Загубите на непријателот во еден ден изнесуваат 170 војници, три оклопни борбени возила и четири други возила“, нагласуваат од руското Министерство за одбрана.
Исто така, армијата уништила неколку парчиња украинско тешко оружје, посочува Москва.
Украинската страна не ги коментираше овие наводи.
Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека продолжуваат одбранбените битки во регионот Харков против обидите на руските сили да извршат офанзивни акции и да напредуваат подлабоко на територијата на Украина.
Руските сили вчераутро се обиделе да ја пробијат одбранбената линија на украинската армија во областа Харков, а биле испратени резервни единици за зајакнување на одбраната во тој сектор на фронтот, наведува Униан.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно изјави дека руските трупи се обиделе да ги прошират операциите против Украина во регионот Харков.
Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, синоќа до Зеленски поднесе извештај за состојбата на фронтот, одбраната и зајакнувањето на позициите, особено во регионот Харков и во правец на Часово Јар.
Свет
Тешка несреќа во Аргентина: Најмалку 90 лица се повредени во судир на воз и локомотива
Најмалку 90 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.
Возот вчера се движел од Буенос Аирес кон северните предградија кога излетал од шините околу 10:30 часот на мост во населбата Палермо, соопштија безбедносните служби, пренесе „АП“. Во судирот оштетен е првиот вагон од патничкиот воз.
На местото на настанот им била укажана помош на десетици повредени, а 30 лица се префрлени во болници во умерена и тешка состојба, додека најмалку двајца биле пренесени со хеликоптер со повреди на градниот кош и скршеници на коските.
Иако сè уште не е познато зошто празниот вагон бил на пругата, аргентинскиот железнички синдикат соопшти дека од железницата е украден неколку метри бакарен кабел што се користи за пренос на електрична енергија по пругата, што го оневозможува сигналниот систем наменет да спречи такви несреќи. Обвинителите соопштија дека започнале истрага.
Официјални лица од аргентинската железничка управа Тренес Аргентинос соопштија дека сообраќајот на популарната железничка линија е прекинат. Лидерите на синдикатот кои жестоко се спротивставија на економското штедење на либералниот претседател Хавиер Милеи, ја обвинија владата за неуспехот да инвестира во јавната инфраструктура.
Судирот доведе до зголемена контрола на безбедноста на железницата во Аргентина, каде што во серија железнички несреќи од 2012 до 2014 година загинаа повеќе од 50, а беа повредени стотици луѓе.
Свет
Зеленски: Знаеме за планот на руските сили да ја пробијат одбраната на регионот Харков
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинското воено-политичко раководство има информации за обемот на руските сили и нивниот план да ја пробијат одбраната на регионот Харков, додавајќи дека украинските одбранбени сили им даваат отпор на руските војници.
„Главната цел е регионот Харков. Руските војници денеска се обидоа да ги прошират операциите против Украина“, рече Зеленски во видео порака и посочи дека вооружените сили на Украина се зајакнати во правец на Харков.
„И долж нашата државна граница и по целата линија на фронтот, ние секогаш ќе го уништуваме окупаторот за да ги спречиме сите руски офанзивни намери“, рече тој, пренесе Интерфакс Украина.
Зеленски изјави дека сега се прави се’ што е потребно за да се заштитат сите позиции, додавајќи дека во исто време е важно партнерите да го поддржат Киев со навремени набавки.