Свет
Доволно беше Ердоган да проговори и лирата драстично скокна
Турската лира се зголеми за речиси 1 отсто во однос на доларот по изјавите на премиерот Реџеп Таип Ердоган дека од претседателот на САД, Доналд Трамп, слушнал дека нема да има санкции против Анкара поради купување на рускиот одбранбен систем С-400.
Лирата утрово се тргуваше по курс од 5,7380 за долар, зајакнувајќи од нивото на 5,7875 кое е забележано во петокот пред состанокот на Ердоган и Трамп на самитот на Г20 во Јапонија минатиот викенд, објави „Ројтерс“.
НАТО-сојузниците Турција и САД ги заострија односите поради турското купување на руски С-400, при што Вашингтон се закани со санкции ако дојде до испорака. Спорот предизвика загриженост кај инвеститорите, кои вршеа притисок врз лирата.
Сепак, Ердоган изјави дека Трамп му рекол дека нема да има санкции поради договорот со Русија, а НТВ телевизијата во неделата објави дека Ердоган најавил дека првата испорака на системот С-400 ќе следува во период од 10 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот
Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи.
Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите.
Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињаол, изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок.
Rouen: un homme armé d’un couteau a été tué par la police alors qu’il essayait de mettre le feu à la synagogue de la ville pic.twitter.com/e2puZJdizX
— BFMTV (@BFMTV) May 17, 2024
Според локалните извештаи, полицијата била повикана околу 6:45 часот откако бил забележан чад како се крева од синагогата.
Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, еден од полицајците застрелал маж кој бил вооружен со нож и железна шипка.
Градоначалникот рече дека пожарникарите се на терен и го контролираат избувнувањето на пожарот во синагогата. Освен вооружениот напаѓач, се чини дека нема други мртви или повредени, додаде тој.
Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин ја пофали полицијата „за нивната реакција и храброст“.
Франција, како и остатокот од Западна Европа, забележа пораст на антисемитизмот откако Хамас го нападна јужен Израел минатиот октомври, што доведе до војната во Газа.
Европа
Пукање кај израелската амбасада во Стокхолм, неколкумина уапсени
Шведската полиција приведе неколку лица и опколи област во Стокхолм, откако патрола слушнала наводен истрел, соопшти полицијата во петокот, а израелската амбасада е во опкружената област.
„Полициска патрола во Страндваген во Стокхолм слушнала звуци и се посомневала дека има пукање“, објави полицијата на својата веб-страница.
Неколку лица се уапсени и покрената е истрага поради сомнение за тешко вооружено злосторство, додаваат тие.
„Во врска со истрагата која е во тек, сознанијата го потврдуваат сомнежот дека имало пукање“, се наведува во објавата на полицијата на својата веб-страница.
Ројтерс се уште не може да добие коментар од полицијата или израелската амбасада.
Шведската новинска агенција ТТ соопшти дека полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада.
Европа
Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта
Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тоа беше првиот голем атентат на европски политички лидер во повеќе од 20 години и наиде на меѓународна осуда.
Политичките аналитичари и пратеници велат дека тоа ја разоткри сè пожешката и поларизирана политичка клима во Словачка и во Европа.
„Се молиме за премиерот и навиваме за Словачка“, рече Орбан. „Му посакуваме брзо закрепнување и враќање на работа. Роберт Фицо е меѓу животот и смртта“.
Орбан рече дека дури и ако Фицо закрепне, тој нема да работи со месеци во критично време пред изборите за Европскиот парламент на почетокот на следниот месец.
„Ни претстојат избори што ќе одлучуваат не само за пратениците во Европскиот парламент туку заедно со изборите во САД тие може да ги одредат текот на војната и мирот во Европа“, рече Орбан.
„Во таа ситуација навистина ќе ни требаат Роберт Фицо и Словачка, која се залага за мир“, додаде тој.