Свет
Договорот против сајбер-криминал не го потпишаа САД, Русија и Кина
Претставници од 50 земји и повеќе од 150 компании потпишаа во Париз договор за борба против сајбер-криминалот, вклучувајќи мешање во изборите и говор на омраза, но меѓу нив не беа Соединетите Американски Држави, Русија и Кина, пренесе АП.
Потписниците се обврзаа дека ќе работат заедно за да спречат незаконски активности, како што се кражба на трговски тајни, но и цензура на интернет.
Договорот беше осмислен по иницијатива на францускиот претседател, Емануел Макрон, а меѓу другото, го поддржаа и членките на Европската Унија, Јапонија и Канада, како и гигантите „Мајкрософт“ и „Гугл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Тик ток“ укинува стотици работни места, ја користи вештачката интелигенција
Социјалната мрежа „Тик ток“ соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината.
Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе бидат отпуштени, јави South China Morning Post.
Вработените, од кои повеќето биле ангажирани во операции за модерирање, биле известени за отпуштањата преку електронска пошта.
Свет
Иран ја поништи смртната казна на активистката за работнички права, Мохамади
Врховниот суд на Иран ја укина смртната казна на активистката за работнички права Шарифе Мохамади.
Нејзиниот адвокат вели дека казната на Мохамади ќе биде преиспитана во ново судење. Мохамади беше приведена во декември минатата година и оттогаш беше сместена во повеќе затвори. Револуционерниот суд во јули ја осуди Мохамади на смрт за вооружен отпор против Исламската Република.
Мохамади беше активна во одбрана на работничките права во иранската провинција Гилан.
Регион
Пронајдено телото на уште една жртва од поплавите во БиХ, операцијата за извлекување е во тек
Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа Коњиќ, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон се искачи на 21. Операцијата за спасување е во тек.
Покрај 21 загинат во оваа област, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите, пренесува Н1.
Откако ќе заврши извлекувањето на телото, ќе следи идентификација, изјави за Н1 градоначалникот на Коњиќ, Осман Ќатиќ.
Се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, а по едно во Коњиќ.