Свет
Додека Венецуела гладува, децата на социјалистичките водачи се расфрлаат со богатство
Фалење со пари, позирање со поп-ѕвезди и фотографирање во најлуксузните хотели во светот – богатите деца на венецуелската социјалистичка елита не знаат ништо за сиромаштијата што нивните родители ја создадоа во таа земја, која политички и економски се распаѓа.
Најстарата ќерка на водачот на социјалистичката револуција, Хуго Чавез, Марија Габриела, наводно е најбогатата жена во Венецуела, со лично богатство од 4 милијарди долари, скриено во банкарски сметки низ Европа, пишува „Дејли мејл“.
Оваа 38-годишна жена го заработила своето богатство служејќи како прва дама на својот татко, поранешниот претседател Чавез, откако тој се раздели од својата втора сопруга.
Но, Габриела – и другите деца на нивната социјалистичка елита – се чини дека заборавија на неговото мото дека е „лошо да се биде богат”.
Додека Габриела се крие зад дипломатскиот имунитет, со оглед дека нејзиниот режим ѝ додели улога на „алтернативна амбасадорка на Венецуела во САД”, нејзината помлада сестра избега од земјата во срам, по бројните негативни реакции на покажување на нејзиното богатство во јавноста.
Росинес Чавез седна во авион за Париз само неколку часа откако во 2016 година на социјалните мрежи објави фотографија на која во рацете држи куп долари.
Денес има 21 година и ужива безгрижен студентски живот на Сорбона.
Од друга страна, наследникот на нејзиниот татко и неговите потомци се однесуваат уште полошо.
Претседателот Николас Мадуро беше особено критикуван откако на интернет се појави снимка како ужива во Истанбул минатата година, додека во Венецуела луѓето не можат да си дозволат свежо месо.
Неколку месеци порано неговите два посинока, Јосвал Гавидиа Флорес и Волтер Гавидиа Флорес, успеаја да потрошат 45.000 долари за екстравагантен 18-дневен престој во хотелот „Риц„ во Париз.
Хотелската сметка е еднаква на платите на 2 000 граѓани на Венецуела.
Покрај тоа, браќата се чести гости во најскапите ресторани, продавници за облека и накит, додека нивниот татко ја влече земјата во пропаст.
За среќа за претседателот Мадура, неговиот син Николацито не се појавува многу во јавноста. Неговата единствена контроверзност е дека за време на говорот во парламентот во 2017 година му се заканил на Доналд Трамп дека ќе ја преземе Белата куќа ако американската војска ја нападне Венецуела.
Мадуровата ќерка Даниела го привлече вниманието со својот изглед, но исто така и стил. Нејзиното момче е латинската поп-ѕвезда Омар Ацедо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.
Свет
Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел
Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави дека трите европски земји кои ги распоредија своите воени авиони за да го одбранат Израел од одмаздничката операција организирана од Иран ќе одговараат.
– Франција, Германија и Велика Британија не треба да мислат дека распоредувањето на авионите таа ноќ е крај на проблемот. Да, таа ноќ заврши, но ќе одговорат во догледно време – изјави бригадниот генерал Есмаил Кани.
Според него, Соединетите Американски Држави и целата западна воена алијанса на НАТО придонеле со сите свои воени капацитети за одбрана на Израел од иранската операција „Вистинско ветување“, пренесува иранската агенција „Тасним“.
– Седум или осум поморски групи се распоредени во Црното Море за да се спречи (иранската) операција – рече тој, додавајќи дека во таа операција се вклучени и повеќе од 200 авиони.
Кани оцени дека Иран ја покажа својата сила, непоколебливост и моќ на целиот свет при нападот на територијата на Израел.
– Победата на операцијата „Вистинско ветување“ не е ограничена само на бројот на ракети и беспилотни летала кои стигнаа до окупираните територии – рече Кани и ги повика земјите од регионот да учат од, како што наведе, „неспособноста на САД да го заштитат израелскиот режим за време на иранската операција“ и да не се потпираат на Вашингтон.
На 13 април Техеран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск на 1 април, кога беа убиени седум членови на Иранската револуционерна гарда.
Иран тврди дека нападот „Вистинско ветување“ предизвикал голема штета на израелските воени бази.
Регион
Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер
Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Претседателот и членовите на Владата потоа дадоа заклетва пред пратениците, со што Андреј Пленковиќ го започна третиот последователен мандат како премиер.
Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада, која се заснова на „успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска“.
Во новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра, како и отворање на 125.000 нови работни места.
До крајот на мандатот на новата влада, пензиите треба да се зголемат за најмалку 30 отсто, со што просечната пензија би изнесувала најмалку 750 евра.
Новата влада наместо досегашните 16 ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.