Свет
Додека Давос го чека говорот на Трамп, европските индекси нееднакви, цените на златото и нафтата паѓаат

Европските берзански индекси денеска се нееднакви, цените на нафтата и златото паднаа, а пазарите и учесниците на Светскиот економски форум во Давос го чекаат обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп преку видеоврска, кое е закажано за 17 часот.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9.30 часот порасна на 21.297,42 поена, францускиот CAC 40 на 7.845,31 поен, британскиот FTSE 100 падна на 8.543,25 поени, а московскиот MOEX на 2.937,45 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта падна на 75.285 долари, а цената на нафтата од типот „брент“ порасна на 78.859 долари.
Европските фјучерси на гас за февруари се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ за цена од 49.420 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.753,44 долари за унца, а на пченицата на 5,5065 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03989, што е приближно исто како и вчера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сијарто до Зеленски: Не можеш ти да одлучуваш кој ќе влезе во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека лидерот на киевскиот режим, Володимир Зеленски, нема право да одлучува кои земји можат да се приклучат кон Европската унија.
„Зеленски не одредува кои земји се подготвени да се приклучат кон Европската унија, а кои всушност можат да станат нејзини членки. Ова е исклучиво прашање на Европската унија, каде што таквите одлуки се донесуваат едногласно“, рече Сијарто на својата страница на социјалната мрежа X.
Изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи дојде откако Зеленски, на заедничка конференција со холандскиот премиер Дик Шоф, повика на промена во постапката за пристапување на Украина во ЕУ со цел да се избегне евентуалното вето на Унгарија. Тој предложи Киев и Брисел да разгледаат начини за елиминирање на потребата од едногласност или, како што рече, „да го зголемат притисокот“ врз премиерот Виктор Орбан за укинување на блокадата.
Според западните медиуми, унгарскиот премиер веднаш остро реагирал на заканите на Зеленски, велејќи дека Будимпешта нема да дозволи уцени или политичко условување во прашањата за европската политика на проширување.
Фото: принтскрин
Свет
Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија

Шведската активистка Грета Тунберг одговори на советот на американскиот претседател Доналд Трамп до неа да „бара помош“ за нејзините проблеми со агресијата, велејќи му дека и тој „страда од нив“.
Трамп ја нарече Тунберг (22), демонстрантка против климатските промени, која неодамна беше уапсена на брод што беше дел од „флотила“ што се обидуваше да ја пробие блокадата на Газа, луда проблематична личност која „треба да добие помош“ за нејзините проблеми со агресијата.
„Мислам дека треба да посети лекар. Таа е млада личност и е толку лута, луда е“, рече Трамп.
Одговор на Грета Тунберг
„Го видов Доналд Трамп повторно како ги изразува своите приватни, ласкави мислења за моето здравје и ја ценам неговата загриженост за моето ментално здравје“, напиша Тунберг на Инстаграм.
„До Трамп: Ги ценам сите препораки што ми ги дадовте за справување со овие таканаречени „проблеми со агресијата“ затоа што се чини дека и вие – со оглед на вашата импресивна историја – страдате од нив.“
Тунберг пристигна во Грција во понеделникот откако беше уапсена од Израел со стотици други активисти, а потоа депортирана поради обид за доставување хуманитарна помош во Газа.
„Сакам да бидам многу јасна. Таму се случува геноцид“, изјави Тунберг пред толпата на аеродромот во Атина.
„Нашите меѓународни системи ги разочаруваат Палестинците. Тие не се во можност да ги спречат дури ни најлошите злосторства“, рече таа.
„Она што се обидовме да го направиме со глобалната флотила беше да интервенираме кога нашите влади не успеаја да ја исполнат својата законска обврска“.
Фото: принтскирн
Свет
„Мој најдраг пријателе“- Ким Џонг-ун му го честиташе роденденот на Путин

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му го честиташе роденденот на рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи дека благодарение на неговото лидерство, Русија го предводи градењето на нов, мултиполарен свет.
„Мој најдраг пријателе, Владимир Путин, ви испраќам најискрени и најтопли честитки по повод овој важен роденден. Благодарение на вашето мудро лидерство и патриотска посветеност, Руската Федерација денес ја покажува својата слава како глобална сила со моќен политички систем и силна државна моќ, како моќна држава која го предводи градењето на нов, мултиполарен свет“, се наведува во пораката, пренесува РИА Новости.
Ким Џонг-ун додаде дека благодарение на Путин, Русија успешно ги брани своите интереси и постигнува моќ и просперитет.