Свет
Додик по разговорот со Путин: Русија не ги напушта пријателите

Претседателот на Република Српска Милорад Додик по денешната средба со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во Казан изјави дека сите овие години се покажува внимание и трпение за позицијата на Република Српска во континуитет, како и дека Русија не ги остави своите пријатели.
„Секој пат тоа е посебен настан. Мислам дека една мала Република Српска на овој начин успева да привлече внимание. Не е лесно. Денес, Русија и претседателот Путин се едни од најважните светски луѓе и лидери“, рече Додик.
Тој посочи дека се покажало внимание и трпение за позицијата на Република Српска во континуитетот на сите овие години.
„Русија, како што често вели претседателот Путин, не остава пријатели. Русија ги разбира односите и како треба да се однесува во меѓународните односи“, рече претседателот на Српска.
Тој потсетува дека Русија е сведок на потпишувањето на Дејтонскиот договор, еден од оние кои беа сведоци на историскиот настан.
„Русија остана на истите позиции, за разлика од САД, Британија, Франција кои направија се за да го уништат Дејтонскиот договор“, вели Додик во изјава за РТРС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.