Свет
Доживотен затвор за жената која планираше да разнесе катедрала, хотел и воз во Лондон

Сафија Шаик е осудена на доживотен затвор со минимална казна од 14 години поради кроење заговор со самоубиствен напад да ја разнесе катедралата во Лондон.
Таа имала во план да ги разнесе и околните хотел и воз во подземната железница.
Шаик (37) детаљно истражувала како да предизвика максимален масакр во црквата, која ја постуваат голем број луѓе.
Полицијата соопшти дека планирала да остави бомба во торба во катедралата пред да го детонира самоубистверниот елек во лондонскиот подземен воз.
Нејзините адвокати навеле дека таа се предомислувала во врска со заговорот, но обвинителите откриле детали за повикот што го упатила до пријателите од затвор минатата недела кога рекла дека била подготвена да оди до крај.
Шаик, односно Мишел Ремсдин, која преминала во муслиманска вера и ја поддржала терористичката организација Исламска држава, е уапсена во октомври кога побарала помош од полицаец на тајна задача, кој се претставил како експерт за правење бомби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) „Треба да функционираме како ‘Амазон Прајм’ само со луѓе“, рече директорот на Управата за имиграција на САД

Кога Доналд Трамп првпат се кандидираше за претседател во 2016 година, тој вети дека ќе ја води земјата како бизнис: „да го исцеди мочуриштето“ на корумпирани бирократи, да користи даночни дупки за да го задржи протокот на пари и да ги води операциите „по буџет и пред предвиденото“.
Токму тоа е визијата што Тод Лајонс, вршител на должноста директор на Управата за имиграција и царина на САД, ја има за иднината на депортациите во САД.
Говорејќи на Border Security Expo претходно оваа недела, Лајонс буквално рече:
„Мораме подобро да научиме како да дејствуваме како компанија… како ‘Амазон Прајм“, но со луѓе“.
Изјавата на Лајонс се вклопува со реториката на неколку говорници кои на собирот рекоа дека администрацијата на Трамп зависи од приватниот сектор за да ја спроведе својата политика за масовна депортација, пишува „Аризона Мирор“.
„Потребни ни се повеќе кревети, ни требаат повеќе авиони и знам дека многумина од вас се тука за тоа“, рече Том Хоман, „царот на границата“ на Трамп.
Лајонс понатаму нагласи дека сонува да вгради вештачка интелигенција во системот за имиграција за да ги „ослободи креветите“ и „да ги наполни авионите“.
Со други зборови, целта е да се извлечат луѓето од САД што е можно побрзо, без оглед на правните процедури и без да се поставуваат премногу прашања.
Свет
Трамп го обвини Мексико дека краде вода од Тексас

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека краде вода од фармерите од Тексас и се закани на земјата со царини за, како што тврди, кршење на меѓународниот договор.
„Мексико му должи на Тексас 1,3 милиони хектари вода според Договорот за вода од 1944 година, но Мексико, за жал, ја прекршува својата обврска од договорот. Ова е многу неправедно и предизвикува огромна штета на земјоделците од јужен Тексас“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“.
Од друга страна, мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум на платформата „Икс“ објави дека пограничниот регион е погоден од тригодишна суша и дека Мексико ги исполнува своите обврски од договорот „во согласност со достапноста на вода“.
Шејнбаум додаде дека мексиканската влада ќе контактира со американските претставници за да се постигне договор.
Свет
Макрон: Ни претстојат 90 дена неизвесност

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека одлуката на Доналд Трамп за 90-дневна суспензија на царините што тој претходно ги наметна на други земји носи само кревка пауза.
„Делумното суспендирање на американските царини за 90 дена испраќа одредена порака и ја остава отворена вратата за преговори. Но, оваа пауза е кревка“, напиша Макрон на платформата „Икс“.
„Кревка, бидејќи царините од 25 отсто за челик, алуминиум и автомобили и оние од 10 отсто за сите други производи сè уште остануваат во сила. Тие претставуваат 52 милијарди евра за Европската унија! Кревки, бидејќи тие 90 дена значат 90 дена неизвесност за сите наши компании, од двете страни на Атлантикот и пошироко“, додаде тој.
Ројтерс, исто така, пренесува дека Макрон повторил дека Франција и Европската унија ќе дејствуваат обединето во преговорите насочени кон постигнување договор и укинување на американските царини.