Свет
Докторите: Бајден е здрав, силен 80-годишник, способен за должност
Лекарите го прогласија претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден (80), здрав и способен за службена должност, а беше утврдено дека нема долгорочни последици од Ковид-19 откога минатата година беше позитивен на коронавирусот.
„Претседателот останува способен за должност и целосно способен да ги извршува сите свои одговорности, без никакви откажувања или приспособувања“, рече лекарот од Белата куќа, Кевин О’Конор, во резимето на медицинскиот извештај по редовниот преглед.
Лекарот оценил дека Бајден е „здрав, силен 80-годишник“, пренесува „Ројтерс“.
Беше објавено дека на Бајден му била отстранета лезијата од градите и била испратена на биопсија. Во резимето се додава дека Бајден немал симптоми на долгорочен Ковид.
Лекарскиот преглед будно се следи додека се очекува Бајден да ја објави својата кандидатура за втор претседателски мандат.
Тричасовниот преглед во Медицинскиот центар на националната армија „Волтер Рид“ беше втор опсежен преглед на Бајден по преземањето на функцијата во јануари 2021 година, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку две лица загинаа, а голем број се повредени во торнадото во Тексас и Оклахома
Најмалку две лица загинаа, а голем број се повредени во торнадото што ги погоди американските сојузни држави Тексас и Оклахома.
Торнадото предизвика штети на автопатот што ги поврзува двете држави, како и на домови и далноводи во бројни градови во Тексас, Оклахома и Арканзас, оставајќи 250.000 домаќинства без струја.
„Торнадо го погоди округот Дентон во саботата вечерта, а нема извештаи за повредени“, соопштија локалните власти.
Регион
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на аеродромот Гардермоен во Осло
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на „Норвешка Ер“ на аеродромот Гардермоен во Осло, кој требало да полета на летот DI1990 за Сплит во 6.50 часот, а кога не успеал, се заклучил во тоалетот во задниот дел од авионот, објави хрватски Дневник.
Норвешката полиција подоцна го идентификуваше лицето како 23-годишен хрватски државјанин.
Мотивите за овој чин засега не се познати.
Авионот бил полн со патници кои главно патувале во централна Далмација на одмор. Повеќето од нив не забележале дека се случува нешто необично, дури ни оние што седеле напред.
„Авионот веќе полета и додека се движеше кон делот од пистата, наеднаш застана. Првото известување до пилотот било дека има технички проблеми и дека мора да застанат. Полицајците влегле во предниот дел и по краток разговор се упатиле назад каде што се заклучил. Во авионот имало тепачка, сите сакале да видат што се случува, па не било јасно дали полициските сили влегле во тоалетот или патникот сам се предал. Секако, тројца полицајци му ставиле лисици и преку пистата го одвеле до аеродромската зграда“, изјави еден од патниците кој со сопругата патувал за Водице, Хрватска.
Како што подоцна соопшти полицијата, патникот не бил во алкохолизирана состојба или под дејство на други опијати. Засега не е познато кои биле неговите крајни намери.
По завршувањето на сите формалности, новиот лет за Сплит пристигна околу 9 часот.
Компанијата им се извини на сите патници за доцнењето од два часа.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.