Свет
(Видео) Докторот плачел: на девојка од Газа ѝ ја ампутирале ногата на трпезариска маса со обичен нож и без анестезија
Кон крајот на минатата година лекар во Газа снимил страшна сцена – итна ампутација на нога, која била извршена на трпезариска маса.
За да ѝ го спаси животот на младата девојка, морал со кујнски нож и без анестезија да ѝ го отсече екстремитетот. Со себе имал само кофа и малку сапун.
На 19 декември 2023 година 17-годишната Ахед Бсеисо се искачи на последниот кат од зградата во близина на болницата „Ал Шифа“ во градот Газа за да се обиде да го повика својот татко, кој живее во Белгија, бидејќи таму сигналот е најдобар. Додека се обидувала да стигне до татка си тоа утро, забележала големи израелски тенкови на улицата и одеднаш одекнала силна експлозија.
„Слушнав тресок и ѕидот се урна врз мене. Насекаде имаше прашина и на почетокот не можев да сфатам каде сум“, изјавила Ахед за „Скај њуз“. Мајка ѝ и роднините притрчале да ѝ помогнат. Успеале да ја извлечат од урнатините, но виделе дека едната нога ѝ е скршена, а другата во лоша состојба.
'He cut my leg off with a kitchen knife.'@Stone_SkyNews speaks to Ahed Bseiso from Gaza. A video of her amputation on a dining table went viral. No anaesthetic. No bandages. Just a bucket, some soap and a kitchen knife. https://t.co/5sX9t7bhob pic.twitter.com/0nBZiBffMb
— Sky News (@SkyNews) June 4, 2024
„Вујко ми зеде сапун од кујната и почна да ми ја чисти ногата. Потоа почна да плаче. Го прашав братучед ми дали ногата ми е добро, а тој само ми рече дека е подобро да не гледам надолу“, раскажува таа. Семејството ја однело Ахед по скалите до станот. Надвор се слушало пукање. „Немаше хируршка опрема. Вујко ми зеде сапун од кујната и почна да ми ја чисти ногата. Потоа почна да плаче“, се сеќава Ахед.
Вујкото, лекар, го легнал девојчето на масата во кујната и решил да изврши итна операција. Левата нога била тешко повредена, а десната потколеница на парчиња. Девојката очајно го молела својот вујко да не ѝ ја ампутира ногата, но тој знаел што ја чека.
„Тој мораше да избере помеѓу спасување на ногата и мојот живот. Немаше анестезија, цело време бев свесна“, рече Ахед.
Вујкото ја снимил операцијата за да му покаже на светот какви ужаси се случуваат во Газа. Таа одлука на крајот ѝ го променила животот на младата девојка. Видеото го видела и Вафа Абед, која живее во мало американско гратче во Јужна Каролина.
Како и многумина прогонети Палестинци, Абед внимателно ја следеше ситуацијата во Газа. Кога наишла на видеото од ампутацијата, таа му рекла на својот син Тарек: „Мораш да ја извадиш оваа девојка. Само мораш“.
Тарек Хаилат, 27-годишен студент по медицина, неодамна почна да волонтира за Палестинскиот детски фонд за помош (ПЦРФ). Тој одлучи да ја извади Ахед од Газа. Но, успеа по повеќе од еден месец и 17 неуспешни обиди.
Израел во неколку наврати ја одбиваше дозвола да ја напушти Газа, а медицинскиот конвој исто така беше нападнат. Кога Ахед пристигнала во САД, се нашла во малку непријатна ситуација – во земја што ја прифатила и ја спасила од ужасите на војната, но која во исто време ѝ дава најголема поддршка на нацијата што ѝ ги нанела повредите.
„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои дадоа сè од себе за да ми помогнат. Но, не ми беше лесно да ја напуштам Газа и да заминам на лекување во земја што можеби е дури и поодговорна за мојата состојба од Израел“, рече таа.
Ахед има намера да замине во Јужна Каролина за целосно да закрепне, но сака да се врати дома што е можно побргу. „Среќна сум и благодарена за оваа можност, но моето срце сè уште е со семејството во северниот дел на Газа, што е најстрашното место на светот во моментот“, рече Ахед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француската агенција за храна: Електронските цигари носат ризици по здравјето
Француската агенција за храна, животна средина и здравје при работа (ANSES) денеска соопшти дека електронските цигари се поврзани со потенцијални среднорочни и долгорочни здравствени ризици, вклучувајќи кардиоваскуларни, респираторни и канцерогени последици, иако го признава нивниот потенцијал како привремена алатка за откажување од пушење.
По анализа на околу 3.000 научни студии и извештаи, ANSES заклучува дека ризиците по здравјето се поврзани со вдишување на токсични супстанции, присутни во течностите за е-цигари или создадени при нивното вдишување.
Според агенцијата, електронските цигари со никотин можат да предизвикаат кардиоваскуларни ефекти, како што е покачен крвен притисок, додека ризикот од респираторни и канцерогени ефекти постои и кај производите без никотин.
ANSES истакнува дека корисниците мора да бидат подобро информирани за здравствените ризици, а истовремено е потребно да се обесхрабрат непушачите и младите лица да почнуваат со употреба на електронски цигари.
Агенцијата заклучува дека овие производи можат да се сметаат за преодна опција во рамки на програми за откажување од пушење, но тој период треба да биде краток.
Според Барометарот за јавно здравје на Франција за 2024 година, околу три милиони луѓе во земјата користат електронски цигари.
Свет
Украина и Русија почнаа втор круг мировни преговори во Абу Даби
Украински и руски преговарачи денеска во Абу Даби почнаа втор круг преговори за завршување на војната, со посредство на САД.
Дводневните трилатерални средби следат по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Русија го искористила минатонеделниот „енергетски“ прекин на огнот — договорен со помош на САД — за да натрупа муниција, при што во вторникот нападнала со рекорден број балистички проектили.
„Во Абу Даби започна уште еден круг преговори. Преговарачкиот процес започна во трилатерален формат — Украина, САД и Русија“, соопшти на Телеграм главниот украински преговарач Рустем Умеров.
Тој додаде дека тимовите ќе се среќаваат и во одвоени групи за да разговараат за специфични теми, по што ќе следи заедничка средба за усогласување на ставовите.
Изминатата година, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги охрабруваше и Киев и Москва да најдат компромис за ставање крај на четиригодишниот конфликт, кој започна со руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Но, двете страни остануваат на различни позиции околу клучните точки и покрај неколкуте рунди разговори со американски претставници.
Најчувствителни теми се: Барањето на Москва Киев да се откаже од територии кои сѐ уште ги контролира, судбината на нуклеарната централа Запорожје — најголемата во Европа — која се наоѓа на територија под руска окупација. Русија бара повлекување на украинските сили од целата источна област Доњецк, вклучително и утврдените градови кои претставуваат силни упоришта на украинската одбрана. Украина, пак, предлага конфликтот да се замрзне долж сегашната линија на фронтот и одбива какво било еднострано повлекување.
Свет
Повеќе од една третина од случаите на рак во светот можеле да се спречат, покажува нова анализа
Речиси 40 отсто од случаите на рак во светот во 2022 година биле поврзани со причини кои можеле да се спречат, според глобална анализа објавена во вторникот во списанието Nature Medicine.
Анализата е објавена во пресрет на Меѓународниот ден за борба против ракот, кој се одбележува на 4 февруари.
Истражувањето го водела Изабел Сориоматарам од Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC) во Лион, а утврдено е дека тутунот, алкохолот и инфекциите биле најчестите ризик-фактори.
„Околу 30 отсто од карциномите кај жените и 45 отсто кај мажите можеле да се избегнат“, покажува анализата.
Вкупно, од 18,7 милиони нови случаи на рак регистрирани на глобално ниво во 2022 година, околу седум милиони биле потенцијално спречливи, што претставува приближно 38 отсто од вкупниот број.
Истражувачите користеле глобални податоци за да ги поврзат новите случаи на рак со фактори на ризик за кои постои докажана причинско-последична поврзаност со болеста. Истражувањето ги вклучувало и однесувачките ризици како пушење, како и изложеност на еколошки и професионални ризици.
Во субсахарска Африка, 38 отсто од случаите на рак кај жените биле потенцијално спречливи, во споредба со околу 25 отсто во северна Африка и западна Азија. Во тие региони, инфекциите биле водечки спречливи причини.
Во Европа, САД, Канада и Австралија, тутунот бил најдоминантен ризик-фактор.
Коавторот на истражувањето, Андре Илбави од Светската здравствена организација (СЗО), изјавил дека овие наоди даваат прв глобален увид во уделот на случаите на рак кои може да се припишат на ризици што можат да се спречат. Тој истакнал дека разбирањето на регионалните модели може да им помогне на владите и на поединците да преземат насочени мерки за намалување на ризикот од рак.
Изабел Сориоматарам додала дека справувањето со причините кои можат да се спречат е еден од најефикасните начини за ограничување на растечкиот глобален товар од рак, за кој, според податоците на СЗО, се предвидува дека би можел да порасне за 50% до 2040 година, ако сегашните трендови продолжат.

