Свет
Доктор сведочеше за смртта на Џорџ Флојд: „Тој починал поради недостиг од кислород при апсењето“
Лекар кој сведочеше на судењето на поранешниот американски полицаец обвинет за убиството на Џорџ Флојд потврди дека починал од недостиг на кислород.
Би-би-си јавува дека сведокот, докторот Мартин Тобин, ги побил обвинувањата на одбраната и рекол дека лекот „фентанил“ не ја предизвикал смртта на Флојд и дека дури и здраво лице ќе умре како резултат на ваквата полициска акција.
Друг лекар, експерт за судска медицина, Бил Смок, рече дека „фенатилот“ може да го забави дишењето, но дека Флојд очајно се борел за воздух, што не е случај со задушување кај овој лек, бидејќи луѓето кои се предозираат често не се ни свесни дека им недостасува кислород и делуваат поспано, што не е случај со Флојд врз основа на снимката што постои, според Би-би-си.
Адвокатите на одбраната тврдат дека 46-годишниот Флојд починал од предозирање и поради лошото здравје.
Џорџ Флојд почина во бруталната полициска интервенција на 25 мај. Снимките на белиот полицаец кој клечи врз вратот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој потоа почина, предизвикаа протести против расизмот ширум светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

