Европа
Документарец за кралското семејство, забранет од кралицата Елизабета, се појавил на „Јутјуб“
Документарец за британското кралско семејство од 1969 година, чие прикажување кралицата Елизабета Втора, наводно, го забранувала со децении бидејќи открива премногу интимни детали, се појавил на „Јутјуб“.
Филмот одблиску дава увид во настаните во кралскиот дом, а го гледале милиони луѓе кога за прв пат бил емитуван на Би-би-си.
После тоа бил зачуван во архивата на британскиот јавен сервис, наводно по барање на Бакингемската палата, и не бил емитуван од 70-тите години на минатиот век.
Според Си-ен-ен, не е познато како филмот наречен „Кралско семејство“ повторно е пронајден, ниту кој го објавил на „Јутјуб“, но набрзо бил отстранет врз основа на барањата за авторски права.
Меѓу контроверзните сцени наводно е и онаа во која кралицата го споредува американскиот амбасадор со горила.
„Тоа беше горила. Бев во ужасна неволја да глумам приземно, тој имаше кратко тело и долги раце“, гласела нејзината изјава во филмот.
Во друга сцена од секојдневниот живот на членовите на кралското семејство, тие вечераат заедно, а понатаму во филмот кралицата ја пребарува чантата за во продавница да купи слатки за шестгодишниот принц Едвард, што во тоа време се сметало за револуционерен приказ на недопирливото семејство во нова светлина.
Филмот кој трае 110 минути во 1969 година го гледале 30 милиони луѓе и сè уште се смета за една од најгледаните британски телевизиски емисии.
Би-би-си проценува дека го виделе повеќе од 350 милиони луѓе ширум светот.
Неговата продукција неодамна беше прикажана во серијата „Круната“ (The crown) на „Нетфликс“, која го покажува незадоволството на благородниците поради поставувањето на ТВ камери во нивните простории.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

