Свет
Документите за атентатот на Кенеди веќе нема да се чуваат во тајност
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди декласификација на документите поврзани со трите најзначајни атентати во историјата на САД – атентатите на Џон Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и на Мартин Лутер Кинг.
„Многу луѓе го чекаа ова долго време, со децении“, рече Трамп. „Сè ќе биде откриено“.
Претседателот побара пенкалото со кое ја потпиша наредбата да му се даде на Роберт Кенеди Јуниор, син на Роберт Кенеди, внук на Џон Ф. Кенеди.
Претседателот Џон Ф. Кенеди беше убиен 1963 година, а брат му Роберт Ф. Кенеди 1968 година, два месеца откако Кинг, најпознат борец за граѓански права, беше убиен во Мемфис.
Многу документи поврзани со истрагите беа објавени во текот на годините, иако илјадници од нив сè уште остануваат доверливи, особено оние поврзани со Џон Ф. Кенеди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Авион се урна во близина на една од најпознатите плажи, пилотот загина
Помал авион се урна во морето во близина на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, при што загина пилотот, објави порталот „Г1“, повикувајќи се на пожарникари.
Телото на пилотот е пронајдено и неговата идентификација е во тек.
„Тоа беше првиот работен ден на пилотот “, рече заменик-префектот на јужната зона на градот, Бернардо Рубијао.
Станува збор за авион со еден мотор со рекламен банер.
ULTRALEVE
Avião de propaganda cai no mar da praia de Copacabana e assusta banhistas; caso é investigado > https://t.co/H2ogGBdYCo pic.twitter.com/xPHvJBuObi
— Estadão 🗞️ (@Estadao) December 27, 2025
Градското собрание на Рио де Жанеиро објави дека компанијата чиј авион се урна немала дозвола да спроведе рекламна кампања.
Свет
Во Париз, 40 лица се приведени поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
Француската полиција приведе околу 40 лица поради непријавен огномет во Париз на плоштадот Трокадеро во близина на Ајфеловата кула, објави парискиот весник Фигаро (Le Figaro) на својата веб-страница.
Париската полициска префектура изјави дека инцидентот се случил синоќа околу 21:00 часот и дека полицијата веднаш интервенирала, приведувајќи околу 40 лица и дека нема повредени.
Се додава дека е отворена истрага и дека се сомнева дека сторителите се навивачи на парискиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ).
Ова е втор непријавен огномет во декември. На 13 декември, инфлуенсерот Лорис Џулијано (Џулијано) организираше огномет во близина на Трокадеро како дел од промоцијата на неговиот документарен филм.
Потоа беше отворена истрага за „загрозување на други лица и намерно кршење на обврската за одржување на безбедноста“ на јавно место, додаде Фигаро.
Фотографии и видеа од двата непријавени огномети во Париз циркулираат на социјалните мрежи.
pexels
Свет
Волк побегнал од зоолошка градина во Токио, брзо бил фатен
Волкот од зоолошката градина Тама во западен Токио, кој утрово избегал од својот ограден простор, е фатен, објави „Јапан тајмс“.
Чувар на зоолошка градина го пријавил инцидентот во паркот утрото и немало извештаи за повредени, објави јапонскиот медиумски сервис НХК. Откако потврдиле дека волкот останал во паркот, чуварите го фатиле.
Зоолошката градина ги повика посетителите кои веќе биле во паркот да останат на безбедни места и им го суспендирале влезот на другите.
Посетител од Хигашијамато во Токио за НХК изјавил дека влегол во зградата во близина на влезот откако слушнал за бегството на волкот.
„Кога ги видов полициските автомобили, го прашав чуварот на зоолошката градина што се случува. Се прашувам како избегал“, рече тој.

