Свет
Донецк почнува евакуација во Русија – приоритет се жените, децата и постарите лица
Лидерот на проруските сепаратисти во источна Украина најави евакуација на жителите од неговиот отцепен регион во југоисточна Русија во петокот по силно гранатирање.
Објавувајќи ја одлуката на социјалните мрежи, Денис Пушилин, шеф на самопрогласената Народна Република Донецк, рече дека Русија се согласила да обезбеди сместување за луѓето што заминуваат и дека приоритет треба да бидат жените, децата и постарите лица.
Нема коментари ниту од руски официјални лица ниту од Киев, а сведок на „Ројтерс“ во главниот град на регионот Донецк изјави дека сѐ уште нема знаци на евакуација.
„Од денеска, 18 февруари, организирана е масовна централизирана евакуација на населението во Руската Федерација. Првин треба да се евакуираат жените, децата и постарите лица“, рече Пушилин.
Вашингтон и неговите сојузници изразија стравување дека зголемувањето на насилството во регионот може да биде дел од изговорот на Русија за инвазија на Украина. Тензиите веќе се зголемени поради акумулацијата на руската армија на границата со Украина.
Русија, која негира дека го планирала нападот, во петокот изрази загриженост поради наглото зголемување на гранатирањето во регионот познат како Донбас.
Неколку стотици илјади луѓе планираат да ја напуштат Донецката Народна Република во руската област Ростов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

