Европа
Драма во Санкт Петербург: Се сруши таванот на универзитет, 21 лице се под урнатините

Во четирикатна зграда во Санкт Петербург се урна таванот од четвртиот до првиот кат, а властите се сомневаат дека под урнатините може да има до дваесет луѓе, наведуваат локалните служби.
„На улицата Ломоносова 9, дојде до уривање на таванот од четвртиот до првиот кат во четирикатната зграда на Националниот истражувачки универзитет за информатичка технологија, механика и оптика“, рече претставник на Министерството за вонредни ситуации на Русија.
В Петербурге обвалилась крыша университета ИТМО https://t.co/Wc0RS4csnU pic.twitter.com/UqNz7y32rc
— Деловой Петербург (@dprunews) February 16, 2019
Според неговите зборови, околу 60 луѓе биле евакуирани од зградата. Според првичните проценки, во урнатините би можело да има 21 лице. За време на инцидентот, на универзитетот се одржувале факултативни предавања.
„Се претпоставува дека причина за уривањето на таванот е непочитувањето на техничките стандарди при неговиот ремонт“, рече претставникот на Министерството.
Колапсот започнал од таванот на последниот кат. Во овој момент на местото на инцидентот се претставници на службите за итни случаи и администрацијата во Санкт Петербург.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Америка и даде голем подарок на Русија, тоа е погрешно

„Сите украински нуклеарни централи му припаѓаат на народот на Украина“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на прес-конференцијата со норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере во Осло.
Тие се во сопственост на државата. Кај нас нема приватна сопственост на нуклеарни централи. Што се однесува до зелената енергија, постојат приватно-јавни партнерства.
„Постои и целосно приватен енергетски сектор, но целата нуклеарна енергија и припаѓа на државата Украина“, рече Зеленски на прес-конференција.
„САД, како главен сојузник во НАТО, не ја поддржуваат Украина во НАТО. Тоа е случај денес. Верувам дека такво нешто не може едноставно да им се даде на Русите. Верувам дека ова е голем подарок, дека оваа тема (пристапот на Украина во НАТО) е отстранета од агендата во преговорите. Едноставно верувам дека тоа е погрешно. Тоа е она што јас го верувам“, додаде Зеленски.
“All nuclear power plants belong to the people of Ukraine,” says Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy as he meets with Norwegian Prime Minister Jonas Gahr Store in Oslo.#Ukraine #Russia #US #Trump pic.twitter.com/EH9dNszx4z
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) March 21, 2025
Неодамна се појавија предлози за иднината на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, која е под руска окупација од март 2022 година.
Имено, американскиот претседател Доналд Трамп по неодамнешниот телефонски разговор со рускиот претседател Путин сугерираше дека САД би можеле да ја преземат контролата врз украинските нуклеарни централи, вклучително и Запорожје, за да ги заштитат од натамошна руска агресија.
Во моментов, електраната Запорожје е надвор од функција и се соочува со предизвици како што е недостатокот на вода за ладење, што ги отежнува сите планови за нејзино рестартирање. ,
Предлозите предизвикаа загриженост и критики во Украина, каде што некои веруваат дека таквите потези би можеле да го загрозат суверенитетот на земјата и да ја искористат нејзината сегашна ранливост поради конфликтот со Русија.
Европа
Голем бунт во Турција, луѓето масовно излегуваат на улиците, се огласи Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во петокот дека Турција нема да потклекне пред „уличниот терор“ на третиот ден од протестите што избија поради апсењето на опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, под обвинение за тероризам и корупција.
„Турција нема да потклекне пред уличниот терор“, рече Ердоган, оценувајќи дека протестите што ги свика опозицијата ќе завршат во „ќорсокак“.
„Нема да толерираме никакво нарушување на јавниот ред“, додаде тој.
Озгур Озел, лидер на Републиканската народна партија, најголемата опозициска партија во земјата на која и припаѓа Имамоглу, ги повика Турците да излезат на улица во петок во 20:30 часот по локално време, и покрај предупредувањата од властите.
„Од сега никој не треба да очекува Републиканската народна партија да води политика во сали или згради. Отсега ние сме на улиците и на плоштадите“, рече Озел во четвртокот вечерта пред градското собрание на Истанбул, каде илјадници луѓе се собраа втор ден по ред во поддршка на Имамоглу, главниот ривал на Ердоган.
Два моста и неколку главни патишта кои водат до Градското собрание беа затворени за сообраќај денеска на 24 часа.
Протести се одржуваат од средата во најмалку 32 од 81 провинција во Турција, според АФП.
Министерот за правда Јилмаз Тунч ги опиша повторените повици на опозицијата за протести како „нелегални и неприфатливи“.
Ваков бран протести во Турција не се памети од големите протести во 2013 година кои започнаа од плоштадот Таксим.
Екрем Имамоглу, кој истражителите почнаа да го испрашуваат во петокот попладне, требаше да биде именуван за кандидат на Републиканската народна партија за претседателските избори во недела.
Но, во вторникот вечерта, неговата универзитетска диплома беше одземена, само неколку часа пред да биде уапсен. Турскиот устав предвидува дека кандидатот за претседател мора да има високо образование.
Имамоглу беше реизбран за градоначалник на Истанбул во 2024 година, откако го одзеде градот од владејачката АКП во 2019 година.
Европа
(Видео) Клучната руска воздухопловна база во пламен, Украинците го извршија најжестокиот напад од почетокот на војната

Руските градови Саратов и Енгелс синоќа беа цел на најтешкиот напад со беспилотни летала врз регионот Саратов од почетокот на војната, изјави гувернерот Роман Бусаргин, додавајќи дека на аеродромот избувнал пожар.
Руските канали на Телеграм објавија дека најпрво бил прогласен воздушен напад, по што следеле серија експлозии. Според каналот MASH, околу 4 часот по локално време се слушнале најмалку четири експлозии.
Russian Telegram channels report the largest drone attack on Russian Engels and Saratov, according to the local governor.
It is reported that evacuation was announced in the area of the local airfield (it hosts Russian strategic bombers that attack Ukraine). pic.twitter.com/SyqnzQQ4tH
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 20, 2025
Градовите Енгелс и Саратов се наоѓаат во близина на воената воздухопловна база Енгелс-2, од која често полетуваат стратешки бомбардери за да извршат воздушни напади врз Украина. Независниот информативен канал Астра објави дека има експлозии во близина на воздухопловната база.
Russian Telegram channels report this morning that Engels-2 airbase—home to Russia’s Tu-95 and Tu-160 strategic bombers, which regularly launch missile attacks onto the people of Ukraine—is now facing serious difficulties. pic.twitter.com/6uijALSmNq
— SPRAVDI — Stratcom Centre (@StratcomCentre) March 20, 2025
Според гувернерот Бусаргин, во тек е евакуација на жителите кои живеат во близина на аеродромот. Телеграм каналот Shot објави дека пожар избувнал и во реонот на складиште за нафта во Енгелс. Руските власти не коментираат за можните штети на нафтената инфраструктура.
💥 Ukrainian Armed Forces' overnight attack on Russia's Engels
The smoke in the footage is a consequence of the attack on the military airfield. Locals claim that military ammunition depots are located there.
However, there is no official confirmation yet that the airfield was… pic.twitter.com/qWoXnP5ZpT
— NEXTA (@nexta_tv) March 20, 2025
Руската воздушна одбрана соборила 132 украински беспилотни летала во текот на ноќта, од кои 54 над Саратовската област, 40 над Воронежската област, 22 над Белгородската област и други над Ростов, Курск и Липецк, како и над окупираниот Крим, тврди руското Министерство за одбрана.
Украинската војска не ги коментираше овие тврдења, кои не можеа да бидат независно потврдени.