Свет
Дрога на дното на морето – лошите временски услови го отежнуваат извлекувањето на подморницата со кокаин
Шпанската полиција бара начин на површината да ја извлече подморницата на која, како што се претпоставува, се наоѓаат неколку тони кокаин.
Подморницата е пресретната за време на викендов во северозападниот дел од Шпанија.
Официјално лице кое не сака да биде именувано, за шанските медиуми изјави дека полициски нуркач успеал да влезе во подморницата и да изнесе пакет со кокаин.
Според наводите на шпанските медиуми, на подморницата би можело да има околу три тони кокаин, но оваа информација не е потврдена.
Според зборовите на изворот, двајца членови на екипажот од подморницата кои се од Еквадор, биле уапсени вчера, откако полицијата тргнала во потера на подморницата, додека третиот избегал.
Подморницата е на длабочина од околу шест метри, а лошите временски услови го отежнуваат извлекувањето.
Шпанската полиција во координација со силите од други земји, неколку дена го следела движењето на подморницата.
Не е познато од каде дошло пловилото, но според наводите на медиумите, постојат сомнежи дека тргнало од Колумбија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се урна мал авион на Филипините, неколку загинати
Четири лица загинаа при уривање на мал авион денеска во провинцијата Магуинданао дел Сур на југот на Филипините, јавија локалните медиуми.
Несреќата се случила околу 14 часот по локално време во градот Ампатуан, јави Ксинхуа. Засега не се познати други детали.
Полицијата ја истражува несреќата за да ги утврди причините и националноста на жртвите.
Свет
Кран падна врз израелски војници во Газа: двајца загинати
Двајца израелски војници загинаа, а осум се повредени во несреќа што се случи синоќа во Појасот Газа кога кран паднал поради силниот ветер, соопшти војската.
Според информациите, во несреќата загинал Надав Коен (21), додека името на другиот војник ќе биде објавено подоцна.
Од осумте војници повредени при падот на кран, еден се здобил со тешки телесни повреди.
Според првичните сознанија од истрагата на ИДФ, кранот паднал поради екстремно силниот ветер.
Свет
Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: „Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада“
Министерот за одбрана на Израел и нареди на војската денеска да подготви план за да се дозволи „доброволно заминување“ на жителите од Газа, објавија израелските медиуми, откако американскиот претседател Доналд Трамп привлече меѓународна осуда за неговиот план да го преземе Појасот Газа.
Директивата уследи по шокантната најава на Трамп дека САД планираат да ја заземат Газа, да ги преселат Палестинците и да ја трансформираат територијата во „Ривиера на Блискиот Исток“.
„Го поздравувам смелиот план на претседателот Трамп, на жителите на Газа треба да им се даде слобода да заминат и да емигрираат, што е норма во целиот свет“, рече израелскиот министер за одбрана Израел Кац, според израелскиот Канал 12.
„Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада нека ги прифатат Палестинците“
На прашањето кој ќе ги прими Палестинците, Кац рече дека тоа треба да бидат земји кои се противат на израелските воени операции во Газа.
„Земјите како Шпанија, Ирска, Норвешка и други, кои изнесоа обвинувања и лажни тврдења против Израел за неговите акции во Газа, се законски обврзани да дозволат секој Газанец да влезе на нивната територија“, рече Кац.
„Ако одбијат да го сторат тоа, нивното лицемерие ќе биде разоткриено. Има земји како Канада, која има структурирана програма за имиграција, кои претходно изразија подготвеност да ги прифатат Газаните“, рече израелскиот министер.
Бес на Блискиот Исток
Контроверзната идеја на Трамп, која предизвика бес на Блискиот Исток, доаѓа во време кога Израел и милитантната група Хамас треба да почнат разговори за втората фаза од кревкиот план за прекин на огнот за ставање крај на речиси 16-месечните борби во Газа.
Планот на Кац ќе вклучува опции за напуштање на Газа преку копнени премини, како и посебни аранжмани за поаѓање по море и воздух, објави Канал 12.
Остра меѓународна осуда
Светските сили како Русија, Кина и Германија во средата го критикуваа планот на Трамп за Газа, велејќи дека тој ќе поттикне „ново страдање и нова омраза“.
Саудиска Арабија веднаш го отфрли предлогот, а јорданскиот крал Абдула, кој ќе се состане со Трамп во Белата куќа следната недела, во средата рече дека ги отфрла сите обиди за анексија на земјата и раселување на Палестинците.
Иранското Министерство за надворешни работи на Х објави дека планот на Трамп е дел од напорите на Израел „целосно да го избрише палестинскиот народ“.
Нетанјаху за изјавата на Трамп: Ова е првата добра идеја што ја слушнав
Но, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека предлогот на Трамп е извонредна и повика да се истражи бидејќи не е сигурен што нуди Трамп. Нетанјаху рече дека не верува дека Трамп предложил испраќање американски војници да се борат против Хамас во Газа или дека Вашингтон ќе ја финансира реконструкцијата.
„Ова е првата добра идеја што ја слушнав“, додаде тој. „Тоа е извонредна идеја и мислам дека навистина треба да се охрабри, испита и спроведе бидејќи мислам дека ќе создаде различна иднина за сите“, рече Нетанјаху.
Хамас, кој владееше со Појасот Газа пред војната, рече дека предлогот на Трамп е „смешен и апсурден“.
Трамп претходно предложи арапските нации да ги преземат Палестинците
Трамп постојано сугерираше од 25 јануари дека регионалните арапски нации како Египет и Јордан треба да ги преземат Палестинците во Газа, идеја што беше отфрлена и од арапските држави и од палестинските лидери. Тој не соопшти никакви детали за неговиот предлог за преземање на Газа.
Соработниците на Трамп го бранеа неговиот предлог, но се оградија од неговите елементи по меѓународната осуда. Групите за човекови права го осудија предлогот на Трамп како етничко чистење.
Воениот напад на американскиот сојузник Израел врз Газа, кој сега е запрен со кревкиот прекин на огнот, уби повеќе од 47.000 Палестинци во изминатите 16 месеци, соопшти Министерството за здравство на Газа, што предизвика обвинувања за геноцид и воени злосторства. Израел го негира ова.
Нападот внатрешно го раселе речиси целото население на Газа и предизвика криза со глад. Причината за војната беше бруталниот напад на Хамас врз Израел, во кој беа убиени 1.200 луѓе, а повеќе од 200 беа киднапирани и однесени во Газа.