Свет
Другарките ја избодеа Луиза во шума, а ден подоцна објавиле видео на ТикТок: Нови детали од злосторството во Германија
Германските ученички кои ја убиja својата 12-годишна соученичка, наводно објавиле застрашувачко видео од себе како танцуваат на TikTok, еден ден откако ја избоделе жртвата повеќе од 30 пати во случај што ја шокираше Германија.
Шокантните видеа на социјалните мрежи излегоа на виделина за време на истрагата на новинарот на VELT, кој откри дека едно од видеата од танцот било поставено во неделата, денот кога била пронајдена жртвата – позната само како Луиза поради строгите германски закони за приватност.
Девојчињата убијци, на возраст од 12 и 13 години, наводно, објавиле и видео во кое молат за помош да се најде Луиза во саботата, откако таа „исчезнала во 17 часот“, знаејќи точно каде ќе биде пронајдено телото на ученичката откако била избодена до смрт.
Телото на Луиза беше пронајдено во локва крв во шумска област во близина на градот Фројденберг во западната покраина Северна Рајна-Вестфалија во неделата, откако таа беше избодена повеќе од 30 пати.
Classmates who killed girl, 12, in shock German murder ‘posted DANCE video on TikTok the day after her death and pleaded for help finding their victim’ after stabbing Luise in quiet village woodlands
via https://t.co/ukePCFr1gS https://t.co/QGfGJNgIfL— MSM is Pravda (@RitchieJodi) March 17, 2023
Оттогаш се дозна дека Луиз, која исчезна откако го напуштила домот на 13-годишното девојче во Фројденберг, била убиена од нејзините соученици „од одмазда“ откако таа кажала дека била малтретирана со месеци, пишува германскиот весник „Билд“.
„Профилите на социјалните мрежи на девојките сега се вон интернет мрежа“, изјави портпаролот на полицијата во петокот, 17 март.
Луиз исчезна во саботата попладне, на 11 март, по преспивање кај 13-годишна пријателка. Иако се познавале со години, заедно се возеле во училишниот автобус, па дури и биле во ист клас на училиште. Подоцна истиот ден, 12-годишното девојче се приклучило и триото отишло во блиската шума. Таму наводно ја избоделе Луиза повеќе од 30 пати.
Телото на Луиза било пронајдено во шумата следниот ден, на 12 март, откако нејзините родители пријавиле дека девојчето исчезнало во саботата попладне, што предизвикало голема полициска потрага во областа.
„Двете девојки, кои ги забележал сосед додека шетале во шумата со Луиз, „дадоа изјави за тоа и на крајот го признаа делото“, рече Флоријан Локер, началник на полицискиот оддел за убиства во Кобленц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски напади во Украина
Руските сили во текот на ноќта извршиле напади врз неколку украински региони, при што загинала најмалку една личност, а повредени се повеќе од десетина, меѓу кои и деца и постари лица, јавија регионалните власти.
Во Дњипропетровската област, руските сили го нападнале Дњипровскиот округ по полноќ. Повредено е 10-годишно дете, а оштетени се три куќи. Во близина на Никопол, имало артилериско гранатирање, но без жртви.
Во Запорошката област, во последните 24 часа, загинала една личност, а осум се повредени. Регистрирани се 577 напади врз 30 населени места со употреба на дронови, ракети и артилерија. Оштетени се најмалку 67 објекти, меѓу кои и домови и инфраструктура.
Во Херсон, гранатирањето околу 23:10 часот ја погодило населбата Корабељна. Повредени се три жени, од кои две се хоспитализирани. Во последните 24 часа во областа е регистрирана една жртва и 18 повредени.
Украинските власти предупредуваат дека ваквите ноќни напади се дел од континуирана стратегија на притисок врз цивилната инфраструктура.
Свет
(Видео) Киднапирањето на мајката на ТВ-водителката ја потресе Америка, семејството објави снимка: „Ќе платиме“
Американската телевизиска водителка Саванa Гатри и нејзиното семејство објавија ново видео во кое молат за безбедно враќање на киднапираната мајка, порачувајќи им на киднаперите: „Ќе платиме“. Нејзината мајка, Ненси Гатри, исчезнала минатиот викенд од својот дом во Тусон, Аризона, а властите веруваат дека станува збор за киднапирање, пишува Би-Би-Си.
„Ја примивме вашата порака и ја разбираме“, вели Гатри во видеото објавено во саботата навечер на Инстаграм, опкружена со братот и сестрата. „Ве молиме, вратете ни ја нашата мајка за да можеме да славиме со неа.“
View this post on Instagram
„Тоа е единствениот начин да најдеме мир“, продолжува таа. „Ова ни е бескрајно вредно. И ќе платиме.“ Во видеото не откри детали за пораката што ја спомнува.
Ненси Гатри исчезнала среде ноќ од својот дом минатиот викенд. Нејзиното отсуство било забележано кога во неделата не се појавила на богослужба. Властите утврдиле дека рано во неделата наутро камерата на влезната врата била исклучена и отстранета. Околу 2:28 часот по локално време, апликацијата поврзана со нејзиниот пејсмејкер била исклучена од телефонот.
Претходно оваа недела, властите соопштија дека сè уште немаат идентификувано осомничен. Понудена е награда од 50.000 долари за информации што би довеле до нејзино пронаоѓање.
Специјалниот агент на ФБИ, Хит Џенке, потврди дека се истражува можна порака за откуп испратена до неколку медиуми. Тој изјави дека пораката „содржела информации поврзани со рок и парична сума што се бара“. Властите во петокот соопштија дека се „свесни за нова порака поврзана со Ненси Гатри“ и ја проверуваат нејзината веродостојност.
Локална телевизиска станица потврдила дека примила порака, без да открие детали. Според порталот ТМЗ, киднаперите наводно барале милиони долари во криптовалута.
Семејството претходно објави видеа во кои побара доказ дека Ненси е жива и изрази подготвеност за разговор. ФБИ уапси едно лице поради испраќање лажна порака за откуп.
Семејството и полицијата предупредуваат дека Ненси може да биде во животна опасност без своите лекови.
„Таа е без своите лекови. Потребни ѝ се за да преживее“, изјави Саванa Гатри во претходна објава.
Претседателот Доналд Трамп изјави дека разговарал со Гатри и понудил помош од федералните служби. Шерифот на округот Пима, Крис Нанос, изјави дека истрагата продолжува и дека засега се верува оти Ненси е жива.
Саванa Гатри (54) е американска телевизиска новинарка и од 2012 година е ко-водителка на емисијата „TODAY“ на NBC News, како и главна правна дописничка и водителка на изборното покривање.
Свет
Вонредни избори во Јапонија: Такаичи подготвена да замине ако коалицијата загуби
Во Јапонија утрово започна гласањето на вонредните парламентарни избори, во услови на снежни врнежи низ целата земја, што би можеле да ја намалат излезноста, јавија јапонските медиуми.
Премиерката Санае Такаичи и нејзината Либерално-демократска партија (ЛДП), во коалиција со Партијата на иновации на Јапонија (ЈИП), се стремат да обезбедат мнозинство во Донниот дом на парламентот. Такаичи, која минатиот октомври стана прва жена премиер во Јапонија, најави дека ќе поднесе оставка ако коалицијата не добие мнозинство.
На изборите се кандидираа околу 1.300 лица за 465 места. Анкетите предвидуваат убедлива победа на коалицијата ЛДП–ЈИП. Се натпреваруваат и опозициски партии, меѓу кои Центристичкиот реформски сојуз, Демократската партија за народот, Комунистичката партија на Јапонија, Сансеито, Социјалдемократската партија, Реива Шинсенгуми и други.

