Европа
Евакуирани неколку судови во Словачка поради дојави за бомби

Неколку судови се евакуирани во Словачка поради дојави за бомби. Во неколку судови во Братислава пристигнале дојави за поставени бомби, поради што веднаш биле испразнети зградите. Дојави пристигнале и во Министерството за правда и во зградата на Врховниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Пристигна реакцијата на Лавров за можниот мировен договор со Украина

Говорејќи во контекст на можниот мировен договор со Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју изјави дека Москва ќе избегне компромиси кои ќе ги загрозат животите на луѓето, пренесоа руските новински агенции.
Лавров истакна дека Русија нема да прифати присуство на силите на НАТО во Украина под никакви околности, дури и како дел од трајно мировно решение.
Изјавата ја даде вчера, но интервјуто беше објавено дури денеска.
Европа
(Видео) Русите го нападнаа регионот на Киев со дронови, горат куќи

Руските сили синоќа со беспилотни летала го нападнаа регионот на Киев, при што запалија неколку семејни куќи.
Aftermath of a Russian attack in Kyiv region. Residential houses caught fire after being hit by deadly drones. pic.twitter.com/bYxIvhVWe4
— KyivPost (@KyivPost) March 12, 2025
Засега нема извештаи за жртви.
Европа
Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон, пренесува Ројтерс.
„Русија напредува (во Украина) и затоа ќе биде поинаку со Русија“, рече Константин Косачев, претседател на комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, во објава на Телеграм.
„Сите договори – со целосно разбирање за потребата од компромис – ќе бидат според наши услови, а не на американски. И ова не е фалење, туку разбирање дека вистинските договори се уште се пишуваат таму, на бојното поле. Тоа треба да го разберат и во Вашингтон“.
Вчера американските и украинските делегации започнаа мировни преговори во Џеда, Саудиска Арабија.
Киев на преговорите го претставуваа министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана Рустем Умеров, додека американската делегација ја предводеше државниот секретар Марко Рубио. Средбата траеше осум часа, а целта беше да се врати довербата и да се зајакне стратешкото партнерство меѓу Киев и Вашингтон по неодамнешните тензии.
Украина конечно ја потврди подготвеноста да го прифати предлогот на САД за итен, привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, кој може да се продолжи со согласност на сите страни, под услов Русија да се согласи и истовремено да го спроведе.