Свет
Еврократите се жалат дека Европа е жртвено јагне на забраната за летови на Трамп
Лидерот на леволибералната група во Европскиот парламент се пожали дека американскиот претседател Доналд Трамп ја третира континентална Европа како жртвено јагне со забраната за патување во САД, пренесува „Брејтбарт“.
Дачијан Чолош, поранешен премиер на Романија, е претседател на групата „Обновете ја Европа“ во која членува и прогресивната партија на францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој утрово во твит се пожали дека 30-дневната забрана за патувања од Европа, со исклучок на Велика Британија и Ирска, нема да го запре ширењето на смртоносната пандемија со потекло од Кина, по која Италија стана епицентар, повикувајќи се на глобална солидарност.
„Вирусите не познаваат граници или националности. Национализмот и префрлањето вина не се противотров. Ова е глобална криза за која е потребна глобална солидарност. Потребни се мерки за ограничување, но не и самоволие. Европа ќе биде ваш партнер, а не ваше жртвено јагне“, напиша тој.
Иако не го спомна директно претседателот Трамп, членот на Европскиот парламент, Гај Верхофштат, кој повикува на ново европско царство, исто така рече дека национализмот не е одговор за справување со коронавирусот затоа што вирусите не признаваат граници или националности (додека човечките суштества кои носат вируси секако можат да бидат ограничени со граници).
„Сите сме заедно во ова“, рече Верхофштат, додавајќи дека потребен е европски пристап за справување со пандемијата.
Трамп ја објави забраната за патување во средата, велејќи дека летовите од континентална Европа ќе бидат прекинати во период од 30 дена за да се спречи понатамошното ширење на коронавирусот. На Американците кои патуваат од Европа и кои биле прегледани ќе им биде дозволено да се вратат дома.
„Европската Унија не успеа да ги преземе истите мерки на претпазливост и да го ограничи патувањето од Кина и другите жаришта“, рече Трамп, додавајќи дека како резултат на тоа, голем број нови жаришта во САД беа иницирани од патници од Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

