Свет
Европската комисија додели помош од 474 мил. евра за Авганистан

Европската комисија најави финансиски средства во висина од 474 милиони евра за Авганистан за да помогне во реконструкцијата на земјата.
Комисијата во соопштение изјави дека договорот за финансискиот пакет бил потпишан на Женевската конференција за Авганистан, од страна на Европскиот комесар за меѓународна соработка и развој, Невен Мимица, и министерот за финансии на Авганистан, Мохамад Хумајон Кајуми.
Во соопштението на ЕК се додава дека овие средства ќе бидат наменети за поддршка на јавни градби, секторски реформи, здравство, правни реформи и подготовка за избори, како и справување со миграција и слични предизвици во земјата.
„Европската Унија стои рамо до рамо со Авганистан и неговите граѓани за градењето посилна иднина во земјата“, вели Мимица.
Според договорот, главен дел од средствата (311 милиони евра) ќе бидат наменети за државни градби, додека, пак, 31 мил. ќе бидат наменети за правни реформи, 80 мил. за здравство и исхрана, 15 мил. за претседателски и локални избори во 2019 година, а останатите 37 мил. ќе бидат наменети за миграција и присилно иселување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел: Ги презедовме првите чекори од воената операција во градот Газа

Израелската војска ги презеде првите чекори во планираната операција за преземање на контролата врз градот Газа, изјави денес портпаролот на израелската војска, бригаден генерал Ефи Дефрин.
На почетокот на овој месец, израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање на контролата врз градот Газа. Овој потег ги проширува воените операции на веќе опустошената палестинска територија, предизвикувајќи остри критики дома и во странство.
По судирите со Хамас во Кан Јунис денес, Дефрин изјави: „Ќе го продлабочиме нападот врз Хамас во градот Газа, седиштето на владата на терористичката организација и воениот терор“.
Дефрин рече дека армијата веќе почнала да ги опколува перифериите на Газа и дека Хамас сега е „ранета“ герилска сила.
„Почнавме со прелиминарни операции и првите фази од нападот врз Газа, а силите на ИДФ веќе ги држат перифериите на Газа“, рече тој.
Израел денес соопшти дека ќе повика 60.000 резервисти за планираната офанзива за освојување на Газа, иако повеќето од силите што дејствуваат во најголемиот урбан центар на Појасот Газа ќе бидат активни војници.
Повиците би можеле да се упатат во наредните денови, а се очекува резервистите да се пријават на должност во септември, рече воениот претставник.
Мобилизацијата сигнализира дека Израел продолжува со својот план за окупирање на најголемиот урбан центар во Газа и покрај меѓународните критики за операцијата, која веројатно ќе расели голем број Палестинци.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Хамас нападна камп на ИДФ на југот од Газа: „Одеднаш излегоа од тунелот“

Група од најмалку 18 милитанти на Хамас изврши напад врз камп на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа утрово, објави „Тајмс оф Израел“.
Во нападот се повредени тројца војници, од кои еден е сериозно, соопшти ИДФ. Во воен извештај се вели дека вооружените милитанти на Хамас се обиделе да ги заробат војниците.
Нападот, според воени извори, започнал околу 9 часот наутро кога оперативците излегле од тунел јужно од Кан Јунис и отвориле оган со митралези и ракетни фрлачи додека се приближувале кон воениот камп. Некои од милитантите успеале да ја пробијат одбраната на кампот, каде што размениле оган со единици на бригадата Кфир.
תיעוד מיוחד מהקרב של לוחמי צוות הקרב החטיבתי כפיר בחאן יונס pic.twitter.com/hJJdLnoUne
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) August 20, 2025
Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), војниците и воздушните напади убиле најмалку десет оперативци на Хамас, додека осуммина успеале да избегаат назад во тунелот. ИДФ објави снимки на кои се гледаат воздушните напади и напорите на војниците да го одбијат нападот.
„Војниците идентификуваа повеќе од 15 терористи кои излегоа од тунелот и отворија оган, вклучително и оган од ракетни фрлачи, врз силите“, изјави бригадниот генерал Ефи Дефрин, портпаролот на ИДФ, на прес-конференција.
„Во истиот инцидент, неколку терористи влегоа во зграда каде што престојуваа нашите војници и терористите беа елиминирани. Истражуваме како се случило ова и ќе ги извлечеме потребните заклучоци“, додаде Дефрин.
На интернет се појави видео на кое се гледаат телата на двајца вооружени лица во воен камп, додека друго видео покажува тенк од 74-от оклопен баталјон како прегазува напаѓач вооружен со ракетни фрлачи за време на нападот.
בקרבות פנים אל פנים: לוחמי חטיבת כפיר חיסלו כעשרה מחבלים לאחר שביצעו ירי לעברם
מוקדם יותר היום, יותר מ-15 מחבלים ביצעו התקפה משולבת של ירי מקלעים ונ״ט, ומספר מחבלים חדרו למגנן של כוחות מגדוד נחשון של חטיבת כפיר במרחב ח׳אן יונס.
במהלך האירוע, לוחמי החטיבה הצליחו לחסל כ-10 מחבלים… pic.twitter.com/ROGLPWMavY— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) August 20, 2025
Ранетите војници служеле во баталјонот Нахшон на бригадата Кфир. Едниот е сериозно ранет, додека другите двајца се во добра состојба, според воените извештаи.
Израелските одбранбени сили соопштија дека работат на пронаоѓање на преостанатите вооружени лица вклучени во нападот.
Военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, ја презеде одговорноста за нападот во соопштение, велејќи дека неговите војници „се позиционирале“ и извршиле самоубиствен напад.
фото: принтскрин
Европа
Шведскиот премиер: Подготвени сме да го чуваме украинското небо

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави во интервју за шведскиот P4 Extra дека земјата е подготвена да ѝ помогне на Украина во областа на воздушниот надзор и поморските ресурси, објави Sweden Herald.
Премиерот не одговори на прашањата за испраќање копнени сили во Украина.
„Мислам дека не станува збор за преместување на многу големи единици од други земји во Украина, туку за преземање одговорност од страна на Украина за сопствената земја на начин што е толку кредибилен што Русија нема да се обиде повторно“, нагласи Кристерсон.
Во исто време, тој увери дека Шведска сака да биде вклучена во обезбедувањето сигурносни гаранции за Украина.
„Сакаме да бидеме вклучени, но тоа мора да биде во форми што се безбедни и сигурни и каде што знаете во што се впуштате“, нагласи премиерот.
фото: принтскрин