Европа
Европска Унија: Британците ќе бидат ослободени од визи по брегзит
Британците кои ќе одат во кратка посета на земјите од Европската Унија по брегзит, дури и ако не биде усвоен договорот за напуштање, нема да имаат потреба од виза, се договорија денеска Европскиот парламент и Советот на ЕУ.
Ова ослободување ќе се применува реципрочно од страна на британските власти и ќе важи за сите земји членки на ЕУ (со исклучок на Ирска, која има свој посебен билатерален договор со Обединетото Кралство), и земјите вклучени во шенген-зоната (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), се наведува во соопштението на двете институции.
Тоа е прелиминарен договор кој треба да се потврди со гласање на пленарна седница на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ, која ги обединува земјите членки.
Преговорите се заглавени околу една точка на анексот кој се однесува на Гибралтар, влезена на барање на Шпанија, каде Гибралтар се нарекува „колонија на британската круна”. Со тоа повторно почна долготрајниот спор меѓу Шпанија и Обединетото Кралство во врска со Гибралтар, територија од 6,8 квадратни километри, што Мадрид ја отстапи на британската круна во 1713 година, но за која Шпанија полага право. Ова прашање беше решено така што е отстранет британскиот известувач и е поставен друг за да се прифати постигнатиот компромис.
Новиот известувач укажа на потребата брзо да се усвои текстот поради приближувањето на 12 април, новиот краен рок за повлекување на Велика Британија од ЕУ. Текстот ќе биде доставен до Европскиот парламент утре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

