Европа
Европскиот парламент ги поддржа и ЕУ ковид-сертификатите за трети земји

Европскиот парламент ја усвои преговарачката позиција именувајќи ги предложените дигитални зелени сертификати за патување во ЕУ како ЕУ ковид-сертификати со важност до 12 месеци. Законодавниот предлог за издавање сертификати за граѓаните на ЕУ беше одобрен со 540 гласа „за“, 119 „против“ и 31 воздржан, а оној за државјани на трети земји помина со 540 гласа „за“, 80 „против“ и 70 воздржани.
Европратениците нагласуваат дека ЕУ ковид-сертификатите не се патни исправи и дека земјите членки не треба да им наметнуваат карантин, односно тестови на носителите на овие сертификати.
Поддржан е предлогот дека документот, кој може да биде во дигитален или хартиен формат, потврдува дека лицето е вакцинирано против коронавирус или дека има неодамнешен негативен резултат од тестот или ја прележал заразата. Европратениците исто така посочуваат дека со цел да се избегне дискриминација на оние што не биле вакцинирани и од економски причини, земјите од ЕУ треба да обезбедат универзално, достапно, навремено и бесплатно тестирање.
Се додава дека земјите членки мора да прифаќаат сертификати за вакцинација издадени во други земји членки за лица што примиле вакцини одобрени од Европската Унија за лекови (моментно „Фајзер“, „Модерна“, „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“), а од членките зависи дали ќе одлучат да прифатат и сертификати за вакцинација издадени во други земји членки за вакцини наведени од Светската здравствена организација за итна употреба.
Европскиот парламент бара идните сертификати да бидат верификувани за да се спречи измама и фалсификување, како и личните податоци добиени од сертификатите да не може да се чуваат во земјите членки на дестинацијата ниту, пак, ќе биде воспоставена централна база на податоци на ниво на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украински дрон нападна рафинерија на 1400 километри од границата: Русите пукаа, но залудно

Украински дрон ја погоди рафинеријата Орск (Orsknefteorgsintez) во регионот Оренбург, објавија украинските канали на Телеграм. Рафинеријата се наоѓа на околу 1.400 километри воздушна линија од украинската граница.
Голема руска рафинерија
Рафинеријата има капацитет за преработка од приближно 6,6 милиони тони нафта годишно. Фабриките произведуваат бензин, дизел гориво, керозин за авијација, масло за греење, битумен и мазива.
The Orcs in Orsk, Orenburg Oblast 🇷🇺 filming the moment our BEAUTIFUL drones destroy yet ANOTHER oil refinery 😍🔥 pic.twitter.com/kdp7E2qjzZ
— Richard Woodruff 🇺🇦 (@frontlinekit) October 3, 2025
Русите се обидоа да го соборат дронот, но безуспешно
Анализата на фотографиите и видеата покажува дека нападот е извршен од беспилотни летала AN-196 „Љути“. Според геолокираните материјали, погодена е хидропреработувачката единица LCh-24-2000 за бензин и дизел, модернизирана во 2014 година за подлабоко прочистување на горивото и усогласување со новите еколошки стандарди, пишува украински блогер.
Orcs treated Lutyi’s arrival like a village festival 🫡#Orsk pic.twitter.com/I4wsCvORCi
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 3, 2025
Објавената снимка прикажува украински дрон кој руските ад хок противвоздушни единици безуспешно се обидуваат да го соборат со полуавтоматско оружје.
фото: принтскрин
Европа
Мерц: Треба да ја бојкотираме Евровизија ако Израел биде исклучен

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија треба да се повлече од следниот Евровизиски натпревар во Виена доколку Израел биде исклучен.
На прашањето во интервју за АРД дали Германија треба доброволно да се повлече од настанот, конзервативниот политичар одговори: „Би го поддржал тоа. Мислам дека е скандал што воопшто се дискутира за тоа. Израел припаѓа таму.“
Земји од Европа и пошироко ги поднесуваат своите песни за Евровизискиот натпревар, а настапите ги оценува национално жири и јавно гласање. Притисокот врз организаторите на натпреварот расте со недели, а неколку радиодифузери, вклучувајќи ги и оние од Шпанија, Ирска и Холандија, се закануваат дека ќе се повлечат доколку на Израел не му биде забрането учество, наведувајќи ја воената акција на земјата во Појасот Газа.
Националните радиодифузери играат централна улога на Евровизискиот натпревар, со оглед на тоа дека официјални претставници на нивните земји во рамките на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), се одговорни за изборот на нивните учесници, координирање на преносите во живо и надгледување на процесот на гласање.
ЕБУ кон крајот на минатиот месец изјави дека ќе одржи онлајн состанок на сите членови во ноември за да гласаат за учество на натпреварот во 2026 година. Следниот Евровизиски натпревар треба да се одржи во Виена во мај 2026 година. Големи јавни протести против учеството на Израел на Евровизискиот натпревар се случија оваа и минатата година.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците погодија нафтено складиште на Крим, избувна огромен пожар

Русија денес објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле 251 украински дрон во текот на ноќта, додека украинската страна објави дека погодила складиште за нафта на привремено окупираниот Кримски полуостров.
🔥The largest oil depot in temporarily occupied Crimea is on fire in Feodosia.
According to monitoring channels, a fuel tank exploded after a probable drone attack. 😏
The occupation authorities have not commented on the situation yet.👀 pic.twitter.com/gzCVL69JwG
— Malinda 🇺🇸🇺🇦🇵🇱🇨🇦🇮🇹🇦🇺🇬🇧🇬🇪🇩🇪🇸🇪 (@TreasChest) October 6, 2025
Според руското Министерство за одбрана на Телеграм, руските сили собориле поголем дел од украинските дронови над југозападниот регион на земјата, вклучувајќи 61 над Црното Море и еден што летал кон Москва. Министерството само го навело бројот на уништени дронови, но не и колку од нив ги лансирала Украина.
Украинските канали на Телеграм објавија дека голем пожар избувнал по нападот врз складиште за нафта во Феодосија, на кримскиот брег покрај Црното Море. Според РБЦ-Украина, како резултат на нападот експлодирал резервоар за гориво во складиштето.
Според проукраинскиот канал „Krymskyi Viter“, експлозии се слушнале во неколку области низ украинскиот полуостров.
Crimean Telegram channels report a large fire at an oil depot in Feodosia (Russian-occupied Crimea) after a drone attack. pic.twitter.com/S9kLRFs25E
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 6, 2025
Според каналот, првата цел бил аеродромот „Саки“ во Новофедоривка. Експлозиите таму започнале околу 00:23 часот, по што набргу потоа биле активирани системи за воздушна одбрана против беспилотни летала.