Свет
Европскиот парламент и министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за притворот на Навални
Највисоките претставници на Европската Унија изразија загриженост по притворањето на рускиот блогер Алексеј Навални, пренесува ТАСС.
„Притворањето на Алексеј Навални по пристигнувањето во Москва е неприфатливо. Ги повикувам руските власти веднаш да го ослободат“, напиша претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на „Твитер“.
„Ги замолуваме руските власти за итно ослободување. Подготвени сме да го поканиме Навални во Европскиот парламент”, рече претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, во твит.
„Руските власти мора да ги почитуваат правата на Алексеј Навални и веднаш да го ослободат. Политизацијата на судството е неприфатлива“, повтори високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеф Борел.
Ова прашање ќе се дискутира на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ на 25 јануари и на седницата на Европскиот парламент, која почнува на 18 јануари, изјави дипломатски извор во Брисел за ТАСС. Според изворот, земјите од ЕУ може да објават заедничка изјава за ова прашање в понеделник.
Навални, кој беше баран за кршење на условите за условна казна во случајот „Ив Рошер“, беше приведен на московскиот аеродром „Шереметјево“ по пристигнувањето од Берлин во неделата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.