Свет
Евростат: Италија има најстаро население во Европа

Италија има најстаро население во Европа, а просечната возраст во таа земја е 48,7 години, објави денеска Евростат.
Во соопштението се наведува дека тоа е четири години повеќе од просечната возраст во Италија во периодот од 2014 до 2024 година.
Се нагласува дека просечната возраст на населението во ЕУ е 44,7 години, што е за 2,2 години повеќе од 2014 година, пренесе АНСА.
Евростат наведува дека Ирска има најмлада популација во Европа, каде што просечната возраст е 39,4 години. Се наведува дека стареење на населението е забележано во сите земји на ЕУ, со исклучок на Малта, каде што просечната возраст на населението е намалена за 0,7 години, и Германија, каде што е намалена за 0,1 година, пренесува „Танјуг“.
Стареењето на населението е поизразено во Грција, Италија, Португалија и во Словачка со просечен пораст од четири години, а просечната возраст на Кипар, во Шпанија и во Полска е зголемена за 3,8 години, соопшти Евростат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Руската офанзива на Суми не успеа

Три лица беа убиени во руски напад рано наутро во северниот украински Сумски регион, изјави регионален функционер, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека обидите на Москва да напредува во областа не успеале со големи загуби.
Руските сили се вклучени во долг, исцрпувачки напад по должината на фронтот од 1.000 километри низ источна Украина, но во последните месеци се обидуваат да се зацврстат во области како Суми, пограничен регион со рускиот Курски регион.
Тие освоија голем број села во близина на границата и ги изложија поголемите градови, како што е Суми, на чести гранатирања. Гувернерот на Сумскиот регион, Олех Грихори, рече дека во напад со беспилотни летала и ракети рано наутро загинаа тројца жители во или во близина на Суми, а пет други беа повредени.
Но, Зеленски, повикувајќи се на врховниот украински воен командант Олександр Сирски, рече дека руската операција во регионот „беше целосно попречена од нашите сили“.
„Борбите продолжуваат во пограничните области на Сумискиот регион, но руската група во правец на Суми ги изгуби своите офанзивни способности како резултат на претрпените загуби“, напиша тој на Телеграм.
Зеленски објави успеси во други операции во Суми во последните недели и дека силите на Киев, исто така, активно ги потиснуваат руските трупи во Доњецк и Запорожје, две главни области на фронтовската линија.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили зазеле ново село, Тернове, во регионот Дњепропетровск во централна Украина, што е втор ден по ред во кој Русија известува за заземање на село во регионот.
Во јавни изјави, Украина ги нагласи своите напори да ги спречи Русите да заземат каква било позиција таму. Популарниот украински воен блог „ДипСтејт“, кој користи известување од отворен код за следење на воените позиции, објави руски придобивки во близина на Терново и најмалку едно друго село во областа, додека друг воен блогер објави дека украинските сили повторно зазеле едно село во регионот од руските трупи.
Свет
Земјотрес со магнитуда од 7,1 ја погоди Камчатка

Земјотрес со магнитуда од 7,1 го погоди источниот брег на рускиот регион Камчатка, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Американскиот геолошки институт ја процени магнитудата на 7,4, со длабочина од 39,5 км.
Тихоокеанскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека постои закана од можно цунами од земјотресот. Во Јапонија, југозападно од полуостровот Камчатка, не е издадено предупредување за цунами, објави телевизиската станица NHK, повикувајќи се на Јапонската метеоролошка агенција.
Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.