Свет
Египетската фудбалска легенда Мохамед Абутрика осуден за затајување данок
Судот во Египет го осуди Мохамед Абутрика, еден од најголемите фудбалски легенди во земјата, на една година затвор за даночно затајување со можност да плати глоба од 20.000 египетски фунти за да се суспендира казната.
Абутрика, кој има азил во Катар од 2013 година, не беше присутен во судот за да ја слушне пресудата.
Судот изјави дека Абутрика не платил 39.500 долари данок на приход од рекламни догоговори за одреден пијалак и телекомуникациски компании.
Властите во Египет го замрзнаа неговиот имот во 2015 година и го ставија на црната листа поради сомнежите за поврзаност со Муслиманското братство, кое се води како терористичка организација.
Тој јавно ги поддржал Муслиманското братство и Мохамед Морси кога тој се бореше за претседателска функција.
Абутрика ги демантирал сите наводи дека спонзорирал исламистички организации.
Со неговите успеси во фудбалот тој ја направи Египет најуспешната африканска држава во овој спорт со рекордни седум титули.
Абутрика беше познат кај фановите како „Принс оф хартс“ и „Магионичарот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

