Свет
Египетскиот пратеник Абделати: Пристрасноста на Западот кон Израел го нарушува неговиот углед
Египетскиот пратеник во Европската Унија, Бадр Абделати, денеска предупреди дека Западот е пристрасен во корист на Израел додавајќи дека тоа му штети на неговиот углед на Блискиот Исток.
Тој нагласи дека Египет нема да ги прифати палестинските бегалци што бегаат од Појасот Газа.
Нема да дозволиме уште едно протерување на Палестинците на сметка на соседните земји, било да е тоа Јордан или Египет“, изјави Абделати во интервју за „Политико“.
Според него, јавното мислење на Блискиот Исток е критично кон Западот поради неговите двојни стандарди.
„Јавното мислење во целиот регион е шокирано и многу вознемирено од ваквиот пристрасен однос. Меѓу јавното мислење во нашето соседство постои чувство дека во очите на Западот животот на западните граѓаните е поскапоцен од животот на Палестинците“, рече Абделати.
Тој предупреди дека последиците од конфликтот може да доведат до пристигнување повеќе мигранти во Европа, што би можело да го поттикне фундаментализмот на прагот на Европската Унија.
„Ставете се во кожата на децата што имаат десет години и ги губат своите семејства. Што очекувате од нив во иднина“, праша египетскиот дипломат.
Тој истакна дека без решавање на палестинското прашање нема да има мир и стабилност на Блискиот Исток и повика на формирање независна палестинска држава, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

