Свет
Египет бара откажување на аукцијата на 3.000 години старата биста на Тутанкамон
Египет побара од аукциската куќа „Кристис” во Лондон да ја запре продажбата на бистата на момчето крал Тутанкамон бидејќи египетските официјални претставници тврдат дека артефактот бил украден и треба да биде вратен, пренесува „Брејтбарт“.
„Кристис” планира да ја продаде бистата стара повеќе од 3.000 години за околу 5 милиони долари, но египетското МНР се спротивстави на планот.
„Министерството за антиквитети контактирало со аукциската куќа и со УНЕСКО за да ги прекине процедурите за продажба на античкиот артефакт и бара ‘Кристис’ да ги обезбеди документите за сопственоста на артефактот. Освен тоа, Египет го посочува своето право врз артефактот според сегашните и претходните египетски закони”, објави египетското МНР доцна во средата.
Поранешниот египетски министер за антиквитети, Захи Хавас, исто така, се вмеша во контроверзноста, тврдејќи дека се чини оти артефактот бил украден во 1970-тите од комплексот на храмот Карнак.
Тутанкамон умрел пред повеќе од 3.000 години на возраст од 19 години. Неговите останки биле пронајдени во 1922 година. Бистата од кафен кварцит доаѓа од приватна колекција со античка уметност што од „Кристис“ последен пат ја продале за 3 милиони фунти во 2016 година.
Во соопштението, од аукциската куќа велат дека артефактот не е ниту бил предмет на истрага и нагласуваат дека никогаш нема да стават на аукција предмет за кој има законски проблеми, пренесува Би-би-си.
Од „Кристис“, исто така, објавија хронологија на сопствениците на бистата во изминатите 50 години. Се смета дека бистата прв ја поседувал принцот Вилхелм фон Турн помеѓу 1973 и 1974 година.
Египет во 1983 година воведе закони за забрана на изнесување артефакти од земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зетот на Трамп: Оваа средба е многу голема пресвртница
Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ја нарече средбата во Париз „многу голема пресвртница“, но предупреди дека трајниот мир бара „вистински заштитни мерки“.
Зборувајќи на крајот од прес-конференцијата, Кушнер рече дека Володимир Зеленски и Доналд Трамп имале обемни разговори во Мар-а-Лаго минатиот месец за безбедносните гаранции и дека, според него, тие „ги решиле повеќето, ако не и сите отворени прашања“.
„Но, мислам дека денес беше многу, многу голем чекор“, рече Кушнер, додавајќи дека тоа сè уште не значи дека ќе се постигне мир во Украина. „Ако Украина треба да склучи конечен договор, треба да знае дека по него ќе биде безбедна, дека има силно одвраќање и вистински механизми за да се осигури дека ова нема да се случи повторно“, рече тој.
Свет
Човекот на Трамп: Подготвени сме да направиме сè за да постигнеме мир
Американскиот пратеник Стив Виткоф рече дека Соединетите Американски Држави се „подготвени да направат сè што е потребно“ за да постигнат мир.
Зборувајќи по германскиот канцелар Фридрих Мерц, Виткоф упати многу попомирувачки тон од американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон „неверојатен човек“.
Виткоф рече дека тој и Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател, повторно ќе се сретнат со украинската делегација подоцна вечерва и дека „скоро завршиле со безбедносните протоколи“. Тој додаде дека се блиску до она што го опиша како „договор за просперитет“ за Киев.
„Сакам да го кажам ова: ние сме тука да посредуваме и да помогнеме во мировниот процес и сме подготвени да направиме сè што е потребно за да се стигне до таму. Претседателот Трамп цврсто и длабоко верува дека ова убивање мора да престане, дека крвопролевањето мора да престане“, рече Виткоф.
По него, Кушнер зборуваше кратко, велејќи: „Немам што да додадам, тоа беше кажано совршено“.
Свет
Германскиот канцелар: Америка и Коалицијата на волните имаат иста стратешка цел
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека новиот договор е „заеднички успех“ за Европа, Украина и САД.
„Новата година започнува точно како што заврши старата – со интензивна мировна дипломатија за Украина“, рече Мерц. Тој додаде дека Европејците, Украина и САД „во триаголник“ продолжуваат да градат врз напредокот постигнат минатата година во Берлин. „Ова е заеднички успех“, рече тој.
Мерц рече дека САД и коалицијата имаат „иста стратешка цел“ и дека денешниот фокус е на придонесот што Европа и партнерите можат да го дадат за Украина по прекинот на огнот. „Како коалиција на волните, ние ќе ги преземеме нашите одговорности“, рече тој.
Тој додаде дека Германија не ја исклучува можноста за присуство во една од земјите-членки на НАТО што се соседи на Украина една година по евентуалното прекинување на огнот. „Засега ништо не е исклучено“, рече Мерц.

