Европа
Една недела беснее невреме во Италија, 30 луѓе го загубија животот
Во Италија бројот на жртви од невремето што веќе една недела беснее на Апенинскиот Полустров се искачи на 30 лица, од кои 12 загинаа само во Сицилија.
Агенцијата „Анса“ соопшти дека меѓу жртвите има девет лица од две семејства, вклучувајќи и две деца и адолесценти кои за време на бурата останале заробени во мала нелегално изградена куќа во областа Палермо. Куќата, според агенцијата, била изградена веднаш до поток каде што и претходно биле предизвикани поплави.
At least nine people have been killed in floods on the island of Sicily after fierce storms battered Italy.
For more on this story, head here: https://t.co/7DEb9wNL0q pic.twitter.com/AvDkwRZq4N
— Sky News (@SkyNews) November 5, 2018
Италијанската агенција за цивилна заштита објави дека туристи од Германија во петокот загинале во невремето, при удар на гром во местото Сардинија.
Според информации на „Ројтерс“, пак, едно лице починало во болница откако претходно го удрило гром.
Поголем број луѓе ги загубија своите животи од удари од паднати дрвја.
AFTERMATH: Aerial footage shows the damage caused by a storm that slammed into Italy last week, bringing strong winds and flooding. https://t.co/4qAncn8kN0 pic.twitter.com/XGzLYLimKb
— ABC News (@ABC) November 5, 2018
Според проценката на властите, околу 14 милиони дрвја се уништени во невремето.
Областа околу Венеција претрпе најголема штета, поради одрони на патиштата голем број села се отсечени и немаат прооден пат бидејќи и патиштата се блокирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

