Свет
Едногодишно дете тешко повредено во градинка во Франција: „Изгледаше како да бил во боксерски ринг“
Малиот Саша кој имал само една година се здобил со тешки повреди откако го гризнало друго дете во градинка во Франција.
„Кој го виде, мислеше дека бил на боксерски меч“, вели мајката на малиот Саша, кој минатиот четврток доживела шок кога дошла да си го земе детето.
Настанот се случил на 16 ноември, кога Саша, според неа, бил целосно изобличен кога пристигнала во градинката да го земе.
„Дојде ползејќи кај мене, а кога го видов, лицето му беше искривено. Бев шокирана“, вели мајката на малото дете кое оди во градинка недалеку од Ница.
Мајката вели дека наставниците и кажале дека прегратката меѓу Саша и другото дете тргнала наопаку. Имено, второто дете било „преплавено од емоции“, кои ги изразило со гризење на лицето на Саша.
Таа вели дека непосредно пред да го земе детето и се јавил директорот за да ја извести дека дошло до мал инцидент, а едно од децата го „гризнало“ нејзиниот син.
„Директорот ми рече: „Твојот син го гризнало дете по лицето, но не грижи се, се е во ред. Го погледна и докторката во градинката“, тврди мајката која вели дека после ваков повик никогаш не би се посомневала дека нешто страшно му се случило на синот.
Меѓутоа, кога го видела, сфатила дека тоа не е само мала повреда.
Уште едно мало момче го гризна Саша 20 пати по лицето и тоа прилично силно. Мајката вели дека не го обвинува детето, ниту неговата мајка, туку воспитувачите кои не биле повнимателни.
„Го однесов детето на лекар, кој изброи 20 каснувања. Ова не можеше да се случи во секунда, за едно дете да го направи ова, потребни се неколку минути. Тоа значи дека никој не ги надгледувал овие деца долго време”, вели мајката на момчето огорчена.
Иако на почетокот не сакала да прави проблеми, на крајот решила да ја тужи градинката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кејт Мидлтон миленичка на британската јавност: по популарноста го надмина и принцот Вилијам
Последната анкета на јавното мислење во Велика Британија, објавена денеска, покажа дека принцезата од Велс, Кејт Мидлтон го надмина принцот Вилијам по популарност.
Во истражувањето спроведено од агенцијата за истражување на јавното мислење „Savante for the Independent“, Кејт (42), која моментално се лекува од неодреден облик на рак, ја поддржуваат 62 отсто од испитаниците, додека принцот од Велс (41) е фаворизиран од 61 отсто од британските испитаници.
Принцот Ендру (64), по дружењето со осудениот педофил Џефри Епштајн, е избран за најмалку омилен член на кралското семејство – го поддржуваат само 14 отсто од испитаниците.
Принцот Хари и Меган Маркл, исто така се соочуваат со недостаток на популарност. Хари (39) го поддржуваат само 29 отсто од испитаниците, додека неговата сопруга Меган (42) е уште помалку популарна со само 25 отсто поддршка од испитаниците, пренесува Танјуг.
Свет
ОН: Израелскиот копнен напад врз Рафах може да доведе до масакр
Израелскиот копнеен напад врз Рафах ќе ги доведе во опасност животите на стотици илјади жители на Газа и ќе им нанесе огромен удар на хуманитарните напори низ палестинската енклава, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
Израел се заканува дека ќе изврши копнен напад врз Хамас во Рафах, каде што се засолниле речиси милион луѓе.
„Тоа би можело да биде масакр на цивили и неверојатен удар за хуманитарните операции во целиот појас, бидејќи тие се управуваат претежно од Рафах“, рече портпаролот на OCHA, Јенс Лаерке на брифингот во Женева.
Хуманитарните активности од Рафах вклучуваат медицински клиники и пунктови за дистрибуција на храна и центри за неухранети деца, рече тој.
Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) на истиот брифинг изјави дека е подготвен план за копнен напад, кој вклучува нова полска болница, но предупреди дека тоа нема да биде доволно за да се спречат големиот број на жртви.
„Тоа апсолутно нема да спречи значителни дополнителни смртни случаи“, рече Рик Пиперкорн, претставник на СЗО за палестинските територии.
Тој додаде дека е „многу загрижен“ што нападот ќе го затвори граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет, кој се користи за увоз на лекови и медицинска опрема.
Свет
(Видео) Камион без возач прегази најмалку 29 ученици на фестивал во Киргистан
Камион без возач прегази 29 ученици на фестивал во Киргистан.
Камионот што го користел продавач на сладолед ненадејно тргнал по удолницата и прегазил голем број ученици, од кои многумина биле свртени со грб.
Многумина успеале да побегнат, но 29 лица биле прегазени.
Осумнаесет деца на возраст од девет до 16 години се хоспитализирани, додека кај седум има опасност по живот.
Инцидентот го снимила камерата на дронот која го снимила моментот кога децата го држат големото знаме на Киргистан.
На видеото се гледа како камионот ненадејно се движи по удолницата и минува низ групи деца.
Полицијата покренала истрага, а според една од пријавите, возачот заборавил да ја повлече рачната сопирачка.