Свет
Експертите предупредуваат: Коронавирусот ќе стане ендемичен, постојано присутен на целата планета
Светот влезе во ера на пандемии и ние треба да се подготвиме за одбрана, беше речено за време на Светскиот самит за здравство во Рим.
Вирусолозите, како што пренесуваат медиумите, предупредуваат дека корнавирусот ќе стане ендемичен, постојано присутен на целата планета, кој ќе биде загрозен поради постоењето на мноштвото вируси, а одбрана ќе бидат вакцините и различниот начин на живот.
По Светскиот самит за здравје во Рим, земјите учеснички ја потпишаа Римската декларација, објавена на веб-страниците на Европската комисија и Италијанскиот здравствен институт.
Непосредно пред самитот, 26-те светски експерти го потпишаа извештајот.
На состанокот беше речено: „Ниту една земја не може да се бори сама против Ковид-19, ние мора да работиме заедно, а пандемијата нема да запре сè додека сите не добијат еднаков пристап до ресурсите“.
На состанокот беше заклучено дека во овој момент повеќе од 1,6 милиони вируси циркулираат на планетата меѓу птици и цицачи, од кои 700.000 можат да се пренесат на луѓето. Досега, 250 од вирусите се идентификувани кај луѓе, додека другите сè уште не се преселиле „од еден во друг вид“.
Вирусологот Питер Пиот, кој го издвои геномот на вирусот ебола во 1976 година, објасни дека вирусите се паметни затоа што се во постојана потрага по домаќин, било да се тоа растенија, животни или луѓе, за да можат да се размножуваат.
Пиот, кој работи во Лондонското училиште за хигиена и тропски болести, верува дека ковидот нема да биде последната смртоносна епидемија. „Живееме во ера на пандемии и мислам дека ќе имаме сè повеќе од нив, казнети сме затоа што не живееме во хармонија со природата“, рече тој на прес-конференција.
Добро познат италијански вируолог од болницата „Сако“ во Милано изјави дека новите големи епидемии ќе предизвикаат мулти-отпорни микроби, кои претставуваат најголема закана во оваа деценија.
Извештајот, потпишан од дваесет и шест експерти, ги истакнува мерките што треба да се преземат не само за да се стави крај на оваа пандемија, туку и да се подготват за нови.
Тие сметаат дека коронавирусот ќе стане ендемичен со сезонски жаришта поради намалувањето на природниот имунитет, поради недоволниот број на вакцини во сите делови на светот и поради новите варијанти на кои претходните вакцини нема да дејствуваат.
Според нив, новиот бран ќе ги погоди особено земјите кои немаат доволно вакцини.
Експертите посочија дека медицинската опрема треба да биде достапна за секого, дури и за земјите во развој и дека треба да се следи болеста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: Пред нас е глобална трансформација; Унгарија и Брисел немаат ист пат
Глобална трансформација е пред нас, истакна денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така почна 2026 година“, наведе Орбан во објава на Фејсбук.
Тој рече дека најважната тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“, пренесува МТИ.
„Ова е нашиот пат. Патот на мирот, со дела, а не со зборови“, истакна унгарскиот премиер.
Орбан додаде дека тоа е спротивно на патот на Брисел, кој вклучува воени планови, средства на ЕУ кои, според Орбан, методично се крадат во Украина.
Фото: Depositphotos
Свет
Лавров: Западот сам се изолира, поттикнува антируска хистерија
Западот, обидувајќи се да ја изолира Русија, дозволи крајно срамни ситуации на мултилатерални настани, а на крајот дојде до самоизолација на западниот свет, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Имаше апсолутно срамни ситуации кога на меѓународни настани, како што е Г20, се договорија да не се ракуваат со руските претставници. Кога нè гледаа во ходниците во близина на салата за состаноци, се преправаа дека го тргаат погледот и бегаа од нас – возрасни луѓе“, рече Лавров во интервју за време на манифестацијата „Јолка желја“ (Божиќна желба), пренесе ТАСС.
Тој додаде дека Русија активно ја развива дипломатијата со она што сега го нарекува „глобално мнозинство“ во Азија, Африка и Латинска Америка, истакнувајќи дека Западот, всушност, сам се изолирал. Лавров, исто така, ги критикуваше европските политичари дека поттикнуваат антируска хистерија.
Свет
Министрите на Германија, Франција и Полска на состанок за поддршка на Украина
Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска денес попладне ќе одржат состанок на таканаречениот „Вајмарски триаголник“, а форматот ќе биде доминиран од темата за поддршка на Украина, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Јохан Вадефул, Жан-Ноел Баро и Радослав Сикорски ќе се сретнат во Париз, еден ден откако Елисејската палата беше домаќин на самитот на „коалицијата на подготвените“, на кој беше изразена намера Франција, Велика Британија и партнерските сили да испратат воени единици во Украина во случај на мировен договор со Русија.
По состанокот на лидерите на коалицијата, американската делегација и украинскиот претседател Володимир Зеленски беше потпишана заедничка декларација за безбедносни гаранции за Киев, во која се наведува и дека Соединетите Американски Држави ќе интервенираат воено во случај на нов напад од Русија, како и дека ќе го водат механизмот за надзор на почитувањето на прекинот на огнот.
На состанокот на Вајмарскиот триаголник, формат покренат во 1991 година во истоимениот германски град, подоцна денеска треба да му се придружи и индискиот министер Субрахманијам Џајшанкар, со кого ќе се разговара и за зајакнување на односите меѓу Европската Унија и Индија, но и за предизвиците во регионот на азиско-пацифичкиот простор.
Фото: Depositphotos

