Свет
Експертите пресметаа што ќе се случи ако мерките во Вухан прерано се укинат
Одложувањето на повторното отворање на училиштата и бизнисот по епидемијата на коронавирусот во Кина би можело да ја одложи можноста за втор бран на епидемијата и ќе му овозможи на здравствениот систем да закрепне, велат експертите повикувајќи го светот внимателно да ја следи ситуацијата во Вухан.
По успешните мерки за ограничување на ширењето на вирусот и селењето на жариштето во Европа, Кина по два месеца ги ублажи мерките во градот Вухан.
Експертите во студијата објавена вчера во магазинот „Лансет публик хелт“ сугерираат дека задржувањето на рестриктувните мерки во Вухан до април би можело да го одложи потенцијалниот втор бран на болеста. Како што се објаснува, тоа би им дало на здравствените работници повеќе време да закрепнат и потенцијално би спасило животи.
„Градот сега треба да биде многу внимателен за да избегне прерано укинување на мерките за социјална дистанца бидејќи тоа би можело да доведе до претходниот врв од втор бран на епидемијата“, пишува Киеша Прем, специјалист од Училиштето за хигиена и тропска медицина од Лондон, кој го водел истражувањето.,
„Ако мерките се укинуваат постепено, тоа најверојатно ќе го одложи и растегне врвот на заразата“ се додава во студијата, која со математички модели симулирала случаи на одложување на почетокот на училиштата и деловните активности, односно рано укинување на мерките во Вухан.
Укинувањето на мерките во овој момент како последица би предизвикал втор бран на епидемијата и тоа веќе кон крајот на август, предупредуваат експертите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

