Свет
Експертите: Бразилскиот сој на коронавирусот мутира, може да стане уште поопасен

Бразилскиот вид на коронавирусот П1, што е причина за порастот на смртни случаи од Ковид-19 во оваа земја, мутира на начин што ќе му овозможи полесно да ги избегне антителата, покажа бразилска научна студија.
Овие мутации, предупредуваат бразилските научници, може да го направат вирусот поотпорен на вакцините, со потенцијални сериозни последици за ширењето на болеста.
„Ние веруваме дека ова е уште еден механизам за криење на вирусот за да се избегне одговорот на антителата“, рече Фелипе Навека, еден од авторите на студијата.
Навека рече дека промените се чини оти се слични на мутациите забележани во уште поагресивниот сој на јужноафриканскиот коронавирус, против кој, како што покажаа некои студии, некои вакцини имаат значително намалена ефикасност.
„Ова е особено загрижувачко затоа што вирусот продолжува да ја забрзува својата еволуција“, додаде тој.
Истражувањата покажаа дека варијантата П1 е дури 2,5 пати позаразна од оригиналниот коронавирус и поотпорна на антителата.
Во вторникот Франција ги прекина сите летови од и до Бразил во обид да спречи ширење на овој вид коронавирус во време кога најголемата економија во Латинска Америка станува сѐ повеќе изолирана.
Новиот сој, која бргу стана доминантен во Бразил, се смета дека е главен фактор за екстензивниот втор бран од пандемијата во кој бројот на смртни случаи во таа земја надмина 350.000, што е втор најголем број на починати во светот по САД.
Бранот на коронавирусот во Бразил сѐ повеќе ги погодува помладите луѓе, а податоците од болниците покажуваат дека во март повеќе од половина од сите пациенти на интензивна нега биле на возраст под 40 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.