Свет
Експерти сметаат дека коронавирусот во САД може да предизвика досега невидена катастрофа
Во почетната фаза на епидемијата на коронавирусот во САД, американскиот претседател, Доналд Трамп, редовно ги обвинуваше медиумите и опозицијата дека ги преувеличуваат размерите на вирусот со цел политички да му наштетат нарекувајќи го политизирањето на коронавирусот нов трик против него.
Тој дури ги обвини дека сакаат заштитните мерки за растојание да останат во сила за економијата да пропадне, а тој да ги загуби изборите, иако експертите јасно предупредуваа дека тоа е единствениот начин да се спречи експлозивно ширење на коронавирусот, кое може да доведе до колапс на здравствениот систем.
Голем број аналитичари сметаат дека администрацијата на Трамп затаила во критичните први 6 недели од епидемијата во САД кога се одвивало тесирањето, што поради технички проблеми, што поради доцнењето на Вашингтон и несериозната реакција на властите, било далеку под нивото потребно за да се одржи инфекцијата под контрола.
Денеска, ситуацијата со коронавирусот на целата територија на САД е вкупно 164.387 заразени и 3.161 смртен случај, пренесува „Гардијан“. Најкритична е ситуацијата во Њујорк, каде што има над 66.000 заразени и 1.243 смрни случаи. Само во понеделникот за шест пеколни часа бројот на починати во Њујорк се зголемил за 124 луѓе, односно регистрирана е по една жртва на секои 3 минути, пренесе „Њујорк пост“.
Врвниот британски епидемиолог доктор Нил Фергусон создаде свој модел во врска со ширењето на епидемијата во САД, според кој, во најлош случај, ако итно не се спроведат строги заштитни мерки, 2,2 милиона Аериканци ќе умрат од коронавирусот. Но, она што особено ја вознемири јавноста е најдоброто сценарио во моделот на Фергусон, кој оценува дека во таква ситуација би имало околу 1,1 милион смртни случаи во САД.
Самиот Трамп на една од своите прес-конференции се осврна на црната бројка од 2,2 милиона смртни случаи врз основа на која заклучи дека бројот од 100.000 жртви на вирусот може да се смета за добра работа.
Според еден од најдобрите експерти за моделирање, Метју Бигерстаф, постојат четири можни сценарија за епидемијата на коронавирусот во САД. Врз основа на неговите процени, опсегот на Американци што потенцијално ќе бидат заразени до крајот на епидемијата се движи од 160 до 214 милиони, а бројот на мртви од 200.000 до дури 1,7 милион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Киднаперите на Кајмакоски и по една недела сè уште не се пронајдени, во тек е потрага
Потрагата по киднаперите на Даниел Кајмакоски влезе во осмиoт ден, а и покрај обемната полициска акција, на осомничените и понатаму им се губи секоја трага. Иако теренот околу местото каде што со возилото удриле во заштитната ограда бил детално пребаран, бегалците како да пропаднале во земја.
„Се преземаат сите оперативни мерки и активности со цел да се идентификуваат и пронајдат сторителите. Во овој момент тие сè уште се во бегство“. наведува извор на „Курир.рс“ и додава дека полицијата, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, продолжува со потрагата.
Драмата почнала откако пејачот минатата недела го завршил настапот во Белград. Осомничените, за кои се верува дека се странски државјани, наводно од Турција, го пресретнале пејачот, му се заканиле со нож и пиштол, го врзале и го одвезле со неговиот автомобил, барајќи 20.000 евра.
Само неколку минути по тргнувањето од центарот на градот, полициска патрола при редовна контрола се обидела да го запре возилото. Сепак, возачот не застанал на дадениот знак.
„Во моментот кога му дадоа знак да застане, возачот продолжи и забрза до максимум. Никој не можеше да предвиди што ќе се случи“, открива извор близок до истрагата.
Во меѓувреме, пријател на пејачот го пријавил киднапирањето, по што била покрената обемна полициска акција. Потерата се одвивала покрај Палатата Србија и Белградската арена, а потоа и по автопатот кон Шид. Во потрагата биле вклучени бројни полициски единици.
Драмата кулминирала кај исклучувањето за Рума, каде што осомничените изгубиле контрола над возилото и удриле во заштитната ограда. Сè се случило за неколку секунди, а во настанатиот хаос киднаперите го напуштиле автомобилот и избегале пеш, додека во возилото бил пронајден врзаниот Кајмакоски.
„Осомничените избегале пеш, а во возилото бил затекнат пејачот. Постои можност маглата и лизгавиот коловоз да придонеле за губење на контролата врз возилото“, наведува изворот.
Иако припадниците на полицијата детално го пребарале поширокиот терен, вклучително и околните ниви и шумски појаси, засега нема потврда дека осомничените се лоцирани.
Свет
Братот на Џефри Епстин: Убиен е, знаеше премногу, наскоро се’ ќе биде откриено
Братот на осудениот американски сексуален престапник Џефри Епстин, Марк Епстин, го обвини Министерството за правда на САД дека стои зад прикривање на неговата смрт.
Џефри Епстин беше пронајден мртов во затворска ќелија во Њујорк на 10 август 2019 година. Тогашните официјални резултати од обдукцијата утврдија дека станува збор за самоубиство.
Во интервју за француската телевизија БФМ, Марк Епстин изјави дека е убеден дека неговиот брат бил убиен.
„Сега знам дека е убиен“, изјавил Марк Епстин, додавајќи дека по обдукцијата лекарите рекле дека не можат да заклучат дека станува збор за самоубиство, бидејќи околностите „премногу потсетувале на убиство“.
Тој навел дека во првичната потврда за смртта, во рубриката „причина за смрт“, стоела формулацијата „во очекување на дополнителни истраги“, а дека неколку дена подоцна биле објавени резултати според кои Епстин извршил самоубиство во ќелијата.
Марк Епстин изјавил дека неговиот брат „премногу знаел“.
„Во време на изборите во 2016 година, кога се натпреваруваа Хилари Клинтон и Доналд Трамп, Џефри рече: ‘Кога би го кажал она што го знам за двајцата кандидати, изборите би требало да се поништат’. Го обвинувам Министерството за правда дека го прикрило убиството на Џефри“, изјавил Марк Епстин за БФМ.
Француската телевизија наведува дека тој не е единствениот кој јавно изнесува такви тврдења. На 13 февруари, во британскиот „Телеграф“, д-р Мајкл Бејден, еден од лекарите кои присуствувале на обдукцијата како набљудувач во име на семејството Епстин, изјавил дека причината за смртта требало да биде предмет на повторна истрага.
„Мислам дека неговата смрт најверојатно е предизвикана од притисок при давење, а не од бесење. Со оглед на сите информации со кои моментално располагаме, подлабока истрага за причината и околностите на смртта е оправдана“, изјавил лекарот за британскиот весник.
Марк Епстин смета дека објавувањето на досиејата поврзани со случајот претставува „диверзија“.
„Мислам дека тоа е делумно диверзија за да се спречи интересот на јавноста за фактот дека тој е убиен“, изјавил тој.
Навел и дека е спроведена независна истрага за смртта на неговиот брат, која, според него, довела до заклучок дека станува збор за убиство, а резултатите од таа истрага, како што најавил, ќе бидат објавени за неколку месеци.
Европа
Русите ја нападнаа Украина со хиперсонични ракети „Циркон“
Синоќа, руските сили започнаа напад врз Украина користејќи четири хиперсонични крстосувачки ракети „Циркон“, една балистичка ракета „Искандер-М“, една антирадарска ракета „Х-31П“ и 62 беспилотни летала. Од вкупниот број дронови, околу 40 беа од типовите „Шахед“, „Гербера“ и „Италмас“, соопштија украинските воздухопловни сили, пренесува „Украинска правда“.
Според утринските извештаи, украинската воздушна одбрана уништила или попречила две хиперсонични крстосувачки ракети „Циркон“ и 52 дронови од различни типови до 9 часот наутро.
Напади на една ракета и девет дронови биле регистрирани на осум локации, додека остатоци од соборените летала паднале на две локации.
Информациите за преостанатите три ракети сè уште се проверуваат.
Во одбивањето на нападот учествуваа воздухопловни авиони, противвоздушни ракетни единици, единици за електронско војување, системи за беспилотни летала и мобилни противпожарни групи на украинските одбранбени сили. Нападот сè уште е во тек бидејќи неколку руски беспилотни летала остануваат во украинскиот воздушен простор.

