Свет
Експлодира граната во куќа во Индијана, загина татко а децата се ранети: ја пронашле додека ги прегледувале работите на дедото
Еден маж загина а неговите двајца синови се повредени кога во саботата во нивниот дом во Индијана експлодирала граната.
Брајан Нидерт (47) починал во својот дом, јави Си-Би-Ес. Неговите две деца, девојчето (18) и синот (14) се пренесени во блиската болница со повреди од шрапнели, додаваат медиумите.
Според информациите, семејството ги прегледувало работите на дедото, кога пронашле рачна бомба и некој наводно ја повлекол иглата.
Подоцна полицијата додала дека истражува дали уредот можеби сам се активирал поради старост или се работи за други фактори, дали иглата била извадена или експлозијата се случила поради други околности.
Одредот за бомби беше повикан да ја надгледува областа, а детективите за убиства сè уште истражуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Финска: Украина треба да биде поддржана и покрај скандалот со корупција
Европа треба да продолжи да ја поддржува Украина и покрај актуелниот скандал со корупција, изјави финскиот претседател Александар Стаб во интервју за агенцијата АП.
Стаб истакна дека Владимир Зеленски мора што поскоро да се справи со обвинувањата за поткуп и проневера.
Сепак, финскиот претседател ги повика европските лидери да размислат за зголемување на финансиската и воената поддршка за Киев.
Стаб, исто така, изрази сомнежи за можноста за постигнување прекин на огнот во украинскиот конфликт во 2025 година.
„Не сум многу оптимист за постигнување прекин на огнот или започнување мировни преговори, барем не оваа година“, рече претседателот.
Сепак, тој изрази надеж дека до март 2026 година ќе биде можно „да се направи нешто“.
На 10 ноември, Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (САП) објавија голема операција наречена „Мидас“ за откривање на голема корупциска шема во енергетскиот сектор.
Подоцна беа објавени снимки од разговори поврзани со случајот, но имињата на вклучените не беа објавени. Во овој контекст, пратениците на Врховната рада го повикаа Јермак, шефот на украинскиот претседателски кабинет, да поднесе оставка.
Клучните фигури во корупцискиот скандал се обвинети за перење пари.
Според прелиминарните проценки, преку оваа шема се испрани околу 100 милиони долари, пренесува Спутник.
После тоа, украинската премиерка Јулија Свириденко изјави дека е планирана ревизија на сите државни компании, особено на енергетските компании.
Фото: принтскрин
Свет
Медведев открива кој го предаде Зеленски
Вашингтон го предаде Владимир Зеленски, сегашната американска администрација верува дека тој не е „целосно свој“, изјави заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Кој го предаде лошиот музичар? Европската Унија, НАТО? Не, не тие. Можеби, но само делумно. Значи, кој? Само една сила е способна да ги погуби и помилува своите кучкини синови. Вашингтон. Студениот ветер дуваше оттаму“, напиша Медведев.
Функционерот забележа на својот Телеграм канал дека Зеленски е во тесна позиција и секој ден му носи „влошување на позицијата на шаховската табла“.
Скандалот со корупцијата во Украина, во кој е вмешан украинскиот бизнисмен Тимур Миндич, може да доведе до оставка на Зеленски, објави претходно весникот „Спектатор“, пренесува Спутник.
Според медиумите, Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП) најавија голема операција наречена „Мидас“ за откривање на голема корупциска шема во енергетскиот сектор.
Според достапните информации, Службата за безбедност на Украина (СБУ), обвинителството, високи функционери и бизнисмени, вклучувајќи го и Тимур Миндич, ко-сопственик на компанијата „Квартал 95“ и познат како „паричникот“ на Владимир Зеленски, биле вклучени во корупциски шеми во украинскиот енергетски сектор.
Фото: принтскрин
Регион
Хрватските навивачи по нападот во Цетиње: „Не ги осудуваме Црногорците“
Група хрватски навивачи беа нападнати во Црна Гора во неделата вечерта на пат кон Подгорица, каде што се играше фудбалски натпревар.
Инцидентот се случил во Цетиње, а страничниот прозорец на комбе со сплитска регистрација бил скршен. И покрај нападот, навивачите изјавиле дека ова е изолиран инцидент и дека продолжуваат со своето патување кон натпреварот за да го бодрат својот тим, пишува црногорскиот портал „Побједа“.
Откако дадоа изјави пред полицијата во Цетиње, навивачите не сакаа да зборуваат пред камера, но еден од нив накратко го коментираше инцидентот за Радио Цетиње. „Ние не ги осудуваме Црногорците како народ, тие нè нападнаа со качулки на главите. Вакви инциденти се случуваат и тука“, рече тој, додавајќи дека ја сакаат и почитуваат Црна Гора и продолжуваат кон Подгорица.
Според достапните информации, навивачите успеале да избегаат од напаѓачите по нападот и сè пријавиле на полициската патрола на влезот во Цетиње. Градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ, ги посетил во полициската станица и им понудил помош, за што му се заблагодариле. Тие го напуштиле градот синоќа кратко по 23 часот со полициска придружба.
фото: принтскрин

