Свет
Експлозија на автомобил бомба во Богота, загинаа 10 лица
Пред полициската академија во Богота експлодира автомобил бомба, при што беа убиени најмалку 10 лица, а најмалку 66 се повредени, соопшти колумбиското Министерство за одбрана и додаде дека меѓу убиените има граѓани на Панама и Еквадор.
Колумбискиот претседател, Иван Дуке, поради инцидентот, ја прекина посетата во западните земји.
„Овој напад не е само против младите, безбедносните сили или полицијата. Ова е напад врз општеството. Овој луд терористички акт нема да помине неказнето“, изјави Дуке.

Главниот обвинител, Нестор Мартинез, соопшти дека нападот го извел Хосе Алдемар Рохас (56). Властите засега не објаснија како возилото успеало да помине преку капијата што ја обезбедуваат кучиња за откривање динамит, вооружани стражари и безбедносни камери, но според неофицијални информации, напаѓачот поминал низ контролниот пункт.
Властите апелираат до граѓаните да донираат крв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд.
„Џеф разбира колку е важен Гренланд за нашата национална безбедност и силно ќе ги промовира интересите на нашата земја за безбедноста, сигурноста и опстанокот на нашите сојузници и светот“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Белата куќа и претставниците на Ландри не одговорија веднаш на барањата за коментар, објави Ројтерс.
Џеф Ландри е американски политичар од редовите на Републиканската партија и актуелен гувернер на сојузната држава Луизијана. Претходно, тој беше државен обвинител на таа сојузна држава со години, а беше и конгресмен во Претставничкиот дом на САД.
Тој е национално препознатлив првенствено како еден од најтврдите конзервативци на југот од земјата. Ландри се здоби со политички профил преку теми како што се силното противење на абортусот, отфрлањето на федералните регулаторни овластувања, отпорот кон климатските политики и нагласувањето на „законот и редот“.
Тој го поддржуваше Трамп дури и по изборите во 2020 година и учествуваше во правни и политички иницијативи со кои републиканците ги оспорија потезите на администрацијата на Бајден. Трамп јавно го поддржа во трката за гувернер.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.

