Свет
Експлозија на гас во Сан Франциско предизвика голем пожар и масовна евакуација
Потребни беа три часа за пожарникарите во Сан Франциско да го изгаснат големиот пожар предизвикан од пробиениот гасовод и последователната експлозија на едно градилиште, пренесува РТ.
Најмалку пет згради биле зафатeни од пожар по експлозијата на гасоводот, а инцидентот се случил кога градежни работници кои инсталирале оптички кабел случајно пробиле цевка за гас со ровокопач, изјави шефот на пожарникарската служба на Сан Франциско, Џоан Хејс-Вајт.
Пробиената цевка предизвикала експлозија и пожар што набрзо се проширил и на околните згради. Пожарникарите очајно се обидувале да го држат огнот под контрола, но нивните напори биле попречени од гасот што продолжил да тече низ линијата.
Комуналната компанија PG & E успеала да го исклучи снабдувањето со гас дури два и пол часа по експлозијата, а кусо потоа пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот.
Досега не се пријавени смртни случаи или повредени. Пет работници од градилиштето, кои првично биле пријавени за исчезнати, сега се пронајдени. Околу 3 000 луѓе остануваат без електрична енергија и гас, а околу 100 лица биле раселени поради пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

