Свет
ЕК одобри нова верзија на вакцината против Ковид-19, сите се повикани да се вакцинираат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/л.jpg)
Европската комисија даде зелено светло за најновата верзија на вакцината на „Бионтек-Фајзер“ против Ковид-19.
Извршното тело на Европската Унија (ЕУ) објави дека е одобрена Comirnaty XBB.1.5, адаптираната вакцина против Ковид-19, развиена од „Бионтек-Фајзер“ за да им овозможи на земјите членки на ЕУ навреме да се подготват за вакцинациите за нивните кампањи есен – зима.
„Коронавирусот ќе циркулира паралелно со сезонскиот грип во текот на претстојната есенска и зимска сезона“, предупреди еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес.
Таа нагласи дека најновата верзија на вакцината е насочена кон новите варијанти на вирусот апелирајќи до сите граѓани на ЕУ да се вакцинираат.
Тоа е трета адаптација на вакцината против коронавирусот на „Фајзер“, која реагира на најновите варијанти на болеста.
Според препораката на Европската агенција за лекови, возрасните и децата на возраст над пет години треба да примаат доза, без оглед на историјата на вакцинација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Шефот на агенцијата на ОН: Борбите во Газа и Рафа продолжуваат и покрај израелските најави
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/izraelska-vojska.jpg)
Борбите во градот Рафа и во јужниот дел на Газа продолжуваат и покрај вчерашната најава на израелската армија за тактички паузи во операциите за да се дозволи влез на хуманитарна помош, изјави денеска во Осло шефот на Агенцијата на Обединетите нации за помош на Палестинците (УНРВА).
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера ги критикуваше плановите на армијата да воведува дневни прекини на огнот долж еден од главните патишта до палестинската енклава.
Филипе Лазарини, шеф на УНРВА, сепак, рече дека немало пауза. „Имаше информации дека е донесена таква одлука, но политичкото ниво вели дека таква одлука не е донесена“, рече Лазарини на прес-конференцијата.
„Затоа, засега можам да ви кажам дека борбите во Рафа и на југот на Газа продолжуваат и дека оперативно ништо досега не е променето“, додаде тој.
Израелската војска во понеделникот објави дека нејзините сили ги продолжуваат операциите во областа Рафа, кои вклучуваат тесна борба со милитантите и заплена и уништување оружје.
За викендов, армијата најави дневни паузи од 7 до 18 часот во областа од преминот Керем Шалом на југот на Израел до патот Салах ал-Дин, а потоа и понатаму кон северот. Подоцна појасни дека нормалните операции ќе продолжат во Рафа, главниот фокус на неговите операции во јужниот дел на Газа.
Свет
(Видео) Авион на „Боинг“ почна да гори, му откажа моторот, мораше итно да слета
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Screenshot-2024-06-17-143908.jpg)
Патнички авион безбедно слета на аеродром во Нов Зеланд откако избувна пожар и откажа еден од моторите, соопшти националната противпожарна служба, пренесува Асошиејтед прес.
Боингот 737-800 на Virgin Australia летал за Мелбурн, Австралија, но на крајот слетал во новозеландскиот град Инверкаргил. Инцидентот можеби е резултат на „удар од птица“, изјави Стјуарт Агс, главен оперативен директор на авиокомпанијата.
Последиците од ударите на птиците варираат по сериозност во зависност од големината на птиците, реакцијата на пилотот и кој дел од авионот бил погоден. Пламенот во авионот бил забележан веднаш по полетувањето од аеродромот во Квинстаун.
A burning plane makes an emergency landing in New Zealand.
People in Queenstown saw flames sparking from the engine of a Boeing 737 as loud explosions were heard after a bird strike incident. pic.twitter.com/jZhpx7M7Kc
— Vexwift (@vexwift) June 17, 2024
Нема дополнителни информации за тоа што се случило во моментот на инцидентот, изјави Кетрин Нинд, портпаролка на аеродромот. Во инцидентот нема повредени. Во авионот имало 67 патници и шест членови на екипажот. Агс најави дека патниците ќе бидат сместени преку ноќ во Инверкаргил и дека ќе се договорат нови летови.
Ова е само последниот во серијата инциденти со авиони Боинг. Вчера се дозна за случајот на 11 април, кога Боинг 737 Макс 8 на Southwest Airlines почна забрзано да паѓа, запирајќи го падот на околу 120 метри над Тихиот Океан.
Свет
Путин оди во посета на Северна Кореја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/kim-putin.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин утре и задутре ќе ја посети Северна Кореја, објави Кремљ, а тоа е исклучително ретко патување кое го истакнува сè посилното партнерство на Москва со таа нуклеарна држава.
Во септември минатата година, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, за време на неговата посета на Далечниот исток на Русија, го покани рускиот претседател да ја посети неговата земја.
Путин не го посетил Пјонгјанг од јули 2000 година.
„На покана на претседавачот за државни работи на КНДР, Ким Џонг Ун, Владимир Путин ќе престојува во пријателска државна посета на Демократска Народна Република Кореја од 18 до 19 јуни“, се вели во соопштението на Кремљ, во кое се додава дека, по Северен Кореја, Путин на 19 и 20 јуни ќе го посети Виетнам.