Свет
Елитен германски универзитет обвинет дека му служи на кинескиот комунистички режим
„Фреје универзитал Берлин“ (ФУ), еден од најелитните универзитети во Германија, е обвинет дека одржувал посебна врска со кинески државен универзитет и тесно соработувал со Пекинг, пренесува „Ди велт“.
Берлинскиот универзитет, основан во западен Берлин во раните денови на Студената војна, одржувал блиски односи со Пекиншкиот универзитет (ПКУ) и се вклучил со кинеската институција во голем број проекти, меѓу кои и отворање на првиот разгранок на Институтот „Конфуциј“ во Германија во 2006 година.
Институтот „Конфуциј“ соработувал со академски институции на Западот, вклучително и во САД, но во последните месеци се најде под лупа на пратениците на Републиканската партија во САД, кои на почетокот од овој месец најавија истрага за американските активности на Институтот.
Во меѓувреме Шведска го затвори својот последен разгранок на Институтот „Конфуциј“ во април, главно поради спорот во врска со шведскиот државјанин Гуи Минхај, кој објави книги против Кинеската комунистичка партија (ККП).
Според тврдењата на „Ди велт“, ФУ е вклучен во неколку проекти со ПКУ и покрај интерната нота во која ПКУ се посочува како проблематичен партнер поради протерувањето студенти критички настроени кон комунистичкиот режим.
Еден од заедничките проекти е кинескиот превод на „Историско-критички речник на марксизмот“ за кој експертот за Кина, Себастијан Хејлман, од Универзитетот во Триер тврди дека е проблематичен поради цензурата во Кина.
„Истражувањето на марксизмот во Кина нема никаква врска со автономна критичка наука“, рече тој.
Според „Ди велт“, потпретседателот на ФУ, Клаус Мулан, исто така има долгогодишни врски со кинескиот режим и често дава интервјуа за кинеските државни медиуми.
Мулан работел и за консултантската фирма „Финиенс“ со седиште во Берлин за која се вели дека е специјализирана за Кина и одржал предавање за брендирање на нацијата или за тоа како државите може да го подобрат својот имиџ во странство. Мулан тврди дека не зел пари од фирмата и дека е заинтересиран за подобро разбирање меѓу двете земји во неговата област.
Тврдењата во Германија следуват по други објавени минатиот викенд во Велика Британија, како што пренесе „Експрес“, кој објави политички спор за врската помеѓу советникот за труд, сер Кир Стармер, деканот на Универзитетот во Дурам, професор Том Брукс, и „Чајна глобал телевижн нетворк“ (ЦГТН).
Весникот објави дека професорот Брукс напишал неколку статии за ЦГТН, која е под контрола на кинеската влада, главно за британската политика, но и за критикување на американскиот претседател Доналд Трамп.
Инфилтрирањето во Кина на универзитетите доведе до обвиненија и во ноември 2019 година од професорот на Лондонската школа за економија (ЛСЕ), Кристофер Хјуз, дека претставниците на кинескиот Институт „Конфуциј“ конфискувале документи што го спомнуваат Тајван на академска конференција.
Друг извештај од декември минатата година исто така тврдеше дека кинеската армија користела разни групи за да се инфилтрираат во универзитетите во Велика Британија, Австрија, Германија и во Швајцарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

