Свет
Ен-би-си: Трамп го протерува Ѓулен?
Белата куќа бара начин како да се ослободи од Фетулах Ѓулен, најголемиот ривал на рускиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој живее во САД, во надеж дека таквиот чекор би го омекнал ставот на Турција за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, наведуваат двајца високи американски функционери, објави Ен-би-си.
Претставници на администрацијата на Трамп минатиот месец побарале од федералната агенција за спроведување закони да разгледа правни начини за да му го ускрати гостопримството на верскиот лидер Фетулах Ѓулен, со цел да го убедат турскиот претседател да го ублажи притисокот на саудиската влада по убиството на Кашоги во конзулатот во Истанбул, наведуваат блиските соработници на админситрацијата на Трамп.
Во напорите вклучено е и Министерството за правда и ФБИ повторно да го отворат случајот за екстрадиција на Ѓулен, како и барање за информации за негов правен статус во одделението за државна безбедност, рекле изворите.
Белата куќа особено сакала детали за неговиот статус на резидент во САД, кој има зелена карта и живее во Пенсилванија од крајот на деведесеттите години.
Овие наводи не сакал да ги коментира ниту Националниот совет за безбедност ниту ФБИ, а за коментар не бил достапен ниту адвокатот на Ѓулен.
Турските власти, пак, не гледаат врска меѓу овие два случаја и велат дека ќе продолжат да инсистираат на екстрадиција на Ѓулен, но дека тоа нема да ги спречи да ја доведат до крај истрагата за убиството на Кашоги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

