Контакт

Свет

Ердоган: Западот мора да изврши притисок врз Израел да ја прекине војната

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека западните земји мора да извршат притисок врз Израел да го прифати последниот предлог за прекин на огнот во Газа.

dobivaj vesti na viber

„Со телефонскиот повик на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, до (израелскиот премиер) Бенјамин Нетанјаху се надевам дека конечното примирје ќе биде за неколку дена за да се запрат масакрите во Израел“, им изјави Ердоган на новинарите, кој се врати од Казахстан, каде што присуствуваше на самитот во Шангај.

Тој истакна дека верува оти е можен дефинитивен прекин во Појасот Газа.

Свет

Вжештена планета: јуни 2024 година најтопол откако се следени температурите

Објавено пред

Јуни 2024 година е најтоплиот јуни откако се регистрирани мерењата на глобалната температура.

dobivaj vesti na viber

Со просечна температура на воздухот од 16,66 степени, тој беше за 0,67 степени потопол од просекот за периодот од 1991 до 2020 година и за 0,14 степени потопол од минатиот јуни, објави Службата за климатски промени Коперник (C3S) на Европската унија.

Ова е неверојатен 13-ти месец по ред, кој е најтопол откако се следат температурите, се наведува во соопштението.

Според податоците, јуни бил за 1,5 степени потопол од истиот месец во периодот од 1850 до 1900 година, што претставува прединдустриска референца. Тоа значи и дека ова е 12-ти месец по ред кога е пробиена границата од 1,5 степени во однос на прединдустриската ера – наведува C3S.

Кога станува збор за Европа, температурите во јуни 2024 година беа за 1,57 степени повисоки од просекот од 1991 до 2020 година. Ова го направи овој втор најтопол јуни во европската историја.

„Јуни е 13-ти месец по ред кога се уриваат глобалните температурни рекорди и 12-ти месец потопол за повеќе од еден и пол степен во однос на прединдустриската ера. Ова е повеќе од статистички необична бројка, но нешто што ја истакнува големата и постојана промена на нашата клима. Дури и ако оваа екстремна серија наскоро заврши, ќе видиме дека се поставуваат нови рекорди додека затоплувањето продолжува. Ова е неизбежно доколку не ја намалиме емисијата на штетни гасови со ефектот на стаклена градина“ – изјави Карло Буонтемпо, директор на Коперник.

Според податоците, оваа година веројатно ќе ја надмине 2023 година како најжешка во историјата, пренесува Ројтерс.

Научникот Зик Хаусфадер проценува дека сега има околу 95 отсто шанси, 2024 година да ја надмине претходната година и да стане најтоплата откако се направени мерењата на температурата.

Прикажи повеќе...

Свет

Новата влада во Велика Британија сака безбедносен пакт со Брисел

Објавено пред

Британската Лабуристичка партија сака да склучи заеднички безбедносен пакт со ЕУ, кој ќе опфати широк спектар на прашања, вклучувајќи одбрана, климатска криза, пандемии и нерегистрирана миграција, изјави новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Леми.

dobivaj vesti na viber

Тој за „Гардијан“ изјави дека безбедносниот пакт нема да ја загрози посветеноста на лабуристите да останат надвор од единствениот пазар на ЕУ и царинската унија.

Леми посочи дека сакаат структуриран дијалог со ЕУ и изјави дека Лабуристичката партија сака безбедносна соработка со ЕУ со структура слична на Советот за трговија и технологија ЕУ – САД, кој е составен од многубројни поткомитети и одржува годишен самити.

Исто така, новиот британски премиер Кир Стармер во неделата, за време на посетата на Единбург, која ја најави како „итно ресетирање“ на односите со регионалните влади на Шкотска, Северна Ирска и Велс, зборуваше за тоа како ќе работи на подобрување на пропаднатиот трговски договор на Обединетото Кралство и ЕУ, пренесува АП.

„Мислам дека можеме да постигнеме многу подобар договор од неуспешниот договор со кој (поранешниот премиер) Борис Џонсон ја оптовари Велика Британија“, рече Стармер за договорот по брегзит.

Стармер рече дека претстојат многу разговори со цел зајакнување на трговските и одбранбените односи со ЕУ, како и во истражувачкиот сектор, пренесува „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Свет

Шолц задоволен од резултатите на изборите во Франција

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го изрази своето задоволство од резултатите од вториот круг од парламентарните избори во Франција, каде што левичарската коалиција Нов народен фронт (ЛФИ) освои најмногу гласови и 182 места во националното собрание.

dobivaj vesti na viber

„Ослободени сме поради резултатите од изборите во Франција. Се надеваме дека претседателот и новите членови на парламентот ќе успеат конструктивно да формираат нова коалиција“, изјави Шолц, пренесува „Ројтерс“.

Тој посочи дека доброто функционирање на Европската Унија е „можно само со Франција“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Царинската управа: Мобилен тим спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Мобилен тим на Царинската управа викендов спречи шверцување два тона месо штетно за здравјето на граѓаните. Превозникот, воедно и сопственик...

Македонија3 часа

(Видео) Спасен маж од длабока тиња и кал како од жив песок на реката Пчиња

Центарот за управување со кризи објави дека утрово имало спасувачка акција на реката Пчиња, каде што човек пропаднал до гуша...

Топ4 часа

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Ресен, во судир со автобус загина мотициклист

Вчера, во 19.40 часот, кај местото Прентов мост на магистралниот пат Охрид – Ресен, на крстосницата со локалниот пат за...

Македонија4 часа

Воз на релација Скопје – Гевгелија удрил во возило на излезот од Драчево

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од „Македонски железници“ известиле дека вчера, во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација...

Македонија5 часа

Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна, само Македонија, прашува Филипче

Христијан Мицкоски, кој во Вашингтон отиде со половина од своите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот...

Македонија6 часа

Фрчкоски со најава дека е подготвен да се повлече од амбасадорското место: МНР нема потреба да измеќарува

Не е никаков проблем амбасадорот да се повлече од функцијата кога не е погоден на идеологијата на новите власти. И...

Македонија6 часа

Регистриран земјотрес во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија22 часа

Николоски: Трет мобилен оператор за граѓаните да добијат пониски цени

Министерот за транспорт и заменик претседател на Владата, Александар Николоски, најавува трет мобилен оператор во Македонија. Со тоа цените за...

Македонија24 часа

(Фото) Томовски: Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува, ја добива својата функција

Пет дена по владината седница на која беше одлучено да се врати оградата околу Владата, екипи уште од рано утрово...

Македонија1 ден

Премиерот и министрите со набиена агенда: почнува официјалната посета на САД

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Филипче спроведе скандалозен тендер за стерилизација во 2019 година со контроверзна албанска компанија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес конференција ја нарече СДСМ „киднапирана“ и повика да се прочитаат медиумите во...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци колку што е Тошковски министер

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес конференција обвини дека Македонија се претворила во Див Запад откако Панче Тошковски...

Свет1 ден

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да...

Регион1 ден

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ. Eyewitnesses reported shaking in #Croatia...

Свет1 ден

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј,...

Свет1 ден

(Видео) Отворени гласачките места за вториот круг од парламентарните избори во Франција

По убедливата победа на Марин Ле Пен во првиот круг минатата недела, каде секој трет гласач го поддржа Националниот митинг...

Свет1 ден

(Видео) Ветришта од 250 километри на час, бранови високи 10 метри: сателитска снимка од катастрофалниот ураган кој пустоши по Карибите

Ураганот беше ураган од 4-та категорија со ветрови од 230 км/ч и уриваше и уништуваше се што му се наоѓаше...

Свет1 ден

(Видео) Украински партизани уништија важна железничка линија на Русија

Украински партизани тврдат дека дигнале во воздух железничка линија во Русија која била користена за транспорт на муниција од Северна...

Економија2 дена

(Фото) Во министерството за финансии се крои ребалансот на буџетот, работата тече и викендов

Се крои ребалансот на буџетот. Во министерството за финансии се работи и викендов без прекин. Се пренаменуваат пари од нереализирани...

Македонија2 дена

(Видео) Македонска делегација предводена од Мицкоски патува за Вашингтон, на НАТО самитот можна е средба и со Мицотакис

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и...