Европа
Ердоган му порача на Макрон да ја преиспита својата мозочна смрт
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска жестоко го нападна својот француски колега, Емануел Макрон, кој неодамна оцени дека НАТО е во состојба на мозочна смрт, повикувајќи го прво да ја испита сопствената мозочна смрт.
Проценката на францускиот претседател дека НАТО е во состојба на мозочна смрт, предизвика динамична дебата помеѓу 29. членки на Алијансата, вклучително и Турција.
„Се обраќам од Турција до францускиот претседател Емануел Макрон и тоа ќе го повторам и во НАТО. Прво, прегледај ја сопствената мозочна смрт“.
Со овие остри зборови, Ердоган одговори на критиките на Макрон за воената операција на Турција во Сирија насочена против курдската милиција, која е сојузник на Западот во борбата против џихадистичката организација Исламска држава (ИД).
Тензиите се зголемуваат пред самитот на НАТО следната недела во Лондон, на чии маргини Ердоган и Макрон би требало да разговараат за Сирија заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер, Борис Џонсон.
Западот ја критикуваше офанзивата на Турција против курдските милиции во северна Сирија, а Макрон ја осуди едностраната акција на почетокот од месецов, велејќи дека НАТО покажува симптоми на мозочна смрт.
Ердоган упати и други критики кон Макрон.
„Никој не ти обраќа вниманиe. Сè уште имаш нешто аматерско, па прво поправи го тоа“, кажа Ердоган продолжувајќи: „Кога треба да се фалиш, многу добро знаеш како. А кога НАТО треба да ги плати парите кои ми ги должиш, тоа е друга работа“.
„Толку е неискусен! Тој нема поим што е борба против тероризмот, затоа неговите Жолти елеци ја поплавија Франција“, рече Ердоган, заклучувајќи: „Гестикулирајте колку сакате, на крајот ќе ја признаете основаноста на нашата борба против тероризмот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална
71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи.
Снимката покажува како хокеар со број 68 случајно го удира Лукашенко, кој го носеше дресот со број 01, во грбот. По судирот, Лукашенко ја изгуби рамнотежата и падна на мразот, удирајќи ја главата на лизгалиштето.
Во тимот на Лукашенко, дресот со број 68 го носеше Јарослав Чуприс, поранешен играч на белоруската репрезентација. По падот, натпреварот беше накратко прекинат, а Чуприс побрза да му помогне на Лукашенко да стане. Неколку играчи од тимот, исто така, дојдоа до него.
Lukashenko spectacular fall on the ice — like a sack of potatoes 🤣
The ageing hockey player lost his balance, dropped his stick, fell on his back and managed to get up only with the help of another player — who had a unique chance to give Belarusians a perfect New Year’s gift. pic.twitter.com/d9oeuZdseA
— NEXTA (@nexta_tv) December 28, 2025
„Типична работна ситуација: мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар“, рече Лукашенко по натпреварот.
Канцеларијата за односи со јавноста на Лукашенко објави дека натпреварот завршил нерешено 5-5 и дека синот на Лукашенко, Николај, го израмнил резултатот со гол триесет секунди пред крајот.
Европа
Зеленски: Преговарачките тимови денес постигнаа значителен напредок
Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше по телефон со својот фински колега Александар Стаб, а фокусот на разговорот беше на преговорите за прекин на војната што Русија ја води против Украина. Зеленски истакна значителен напредок во подготовките за клучните состаноци во Соединетите Американски Држави, објави Украинска правда.
Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс изјави дека тој и Стаб разговарале за „контакт со партнерите“ во контекст на мировните преговори.
„Тука во Украина, во моментов се подготвуваме за состаноци и преговори во Соединетите Американски Држави, а од денес, нашите тимови – украинскиот и американскиот преговарачки тим – постигнаа значителен напредок. Многу е постигнато во развојот на потребните безбедносни гаранции, план за закрепнување и економски развој, како и рамковен документ од 20 точки“, објави Зеленски.
Тој додаде дека украинската страна вредно работи за да постигне „заеднички успех за Украина и цела Европа, за Соединетите Американски Држави и претседателот Трамп, за сите наши партнери низ целиот свет и за глобалниот мир“.
Зеленски особено им се заблагодари на членовите на американскиот преговарачки тим – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – како и на „сите што помагаат“.
Европа
(Фото) Бомба експлодираше на прометна улица во Харков: има загинати и повредени
Руските сили извршија напад со наведувани воздушни бомби врз Харков, погодувајќи градски пат. Во нападот загинаа две лица, а неколку други беа повредени, објави градоначалникот Ихор Терехов, според „Украинска правда“.
Градоначалникот на Харков беше првиот што го пријави нападот на социјалните медиуми. „Харков е нападнат со наведувани воздушни бомби. Експлозии се слушнаа во предградијата и во самиот Харков. Според првичните информации, нападот ја погодил населбата Шевченки. Информациите за последиците од нападот се проверуваат“, напиша Терехов.
🇺🇦🔱 Kharkiv.
ruzzia attacked the city and suburbs with KAB'sIn this area, there are only civilian residential buildings, an educational institution, and no military facilities.
▪️One man was killed on the spot, and another died in an emergency medical vehicle. pic.twitter.com/Bvm6doETcS— Tracey SBUFella 🇬🇧🇺🇦 #NAFO (@trajaykay) December 26, 2025
Подоцна, Терехов даде повеќе детали, велејќи дека бомбата погодила „еден од најпрометните патишта во Харков“.
„Неколку автомобили се во пламен, а прозорците во блиските куќи се скршени. Имало луѓе во запалените автомобили“, додаде тој.
Подоцна попладнето, Терехов го потврди бројот на жртви. Според него, едно лице е убиено, а тројца се повредени, од кои едно е во сериозна состојба.

