Свет
Ердоган: „Не може да има мир додека Израел не го признае формирањето на државата Палестина“
Не може да има мир додека Израел не ги признае основните права на палестинскиот народ и формирањето на државата Палестина во границите од 1967 година, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган рече дека повиците за мир во Појасот Газа, каде што повеќе од 28.000 луѓе загинаа во израелските напади, „за жал остануваат неуспешни поради негативниот пристап на САД“, пренесе „Анадолија“.
Зборувајќи за новинарите по враќањето од Египет по еднодневната официјална посета, Ердоган рече дека ставовите што ги изразил за време на почетокот на конфликтот во палестинската енклава сега одекнуваат на Запад.
Ердоган рече дека нападите врз Појасот Газа, кои траат од 7 октомври, го одразуваат „вообичаениот недостаток на совест на Израел“ и нагласи дека безбедноста на луѓето во регионот „не може да биде загрозена“.
„Светот не може да игнорира дека решението лежи во независна, суверена палестинска држава со главен град во Источен Ал-Кудс (Ерусалим) врз основа на границите од 1967 година. Дали ги насочува цивилите во наводно безбедни зони пред напад во согласност со хуманитарните вредности, закони за војување, меѓународно право, човекови права?“, праша турскиот претседател.
Тој најави продолжување на соработката меѓу Турција и Египет со цел да се реши палестинското прашање во насока на изнаоѓање одржливо решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Приведени 100 учесници на пропалестинските демонстрации на Универзитетот во Бостон
Полицијата денеска го растури студентскиот протест против израелската агресија во Појасот Газа на североисточниот универзитет во Бостон, а Универзитетот соопшти дека се уапсени околу 100 студенти.
Од универзитетот додаваат дека секој што имал универзитетска лична карта е ослободен и дека „ќе се соочи со дисциплинска постапка на универзитетот, но не и законска постапка“.
Во соопштението на универзитетот се нагласува дека активностите на демонстрантите се зголемени на ниво кое училиштето „не може да го толерира“, пренесува Бостон Хералд.
Les étudiants de l'Université Northeastern de Boston ont empêché les fourgons de police de quitter les locaux avec les étudiants arrêtés après avoir tenté de démanteler le camp de solidarité de Gaza. pic.twitter.com/bnJQQJ7YZU
— Marysieńka (@MarieMarysienka) April 27, 2024
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Свет
(Видео) Нарачала фустани преку интернет, а во пакетот ѝ стигнала епрувета со крв
Ана Елиот од Тенеси неодамна нарачала фустани преку онлајн продавница, а кога пристигнал пакетот била преплашена.
Во кутијата, покрај облеката, пронашла епрувета со човечка крв и конзерва грав!
„Епруветата немаше име, име на лабораторија, ниту датум кога е земена крвта“, објаснува таа во видеото кое е прегледано повеќе од седум милиони пати.
Девојчето го контактирало Центарот за контрола и превенција на болести, кој го третира инцидентот како „биолошка опасност“, пренесува New York Post.
Ана ги предупреди клиентите на онлајн продавницата да бидат внимателни при отворањето на пакетите, а подоцна откри дека била во контакт со нивните претставници.
„Покренавме истрага и утврдивме дека пакетот поминал контрола на квалитетот и го оставил нашиот пакет без дополнителни артикли. Само со артикли кои се нарачани“, велат од компанијата.
Жителката на Тенеси објави серија видеа во кои ги информира своите следбеници за најновите случувања.
Претставник на транспортната компанија изјави:
„Искрено се извинуваме за ова искуство. Ние ги третираме пратките на нашите клиенти со најголема грижа и преземаме соодветни чекори за да го решиме овој проблем“.
Сè уште не се знае чија крв е во шишето, а конзервата со грав е уште поголема мистерија.
@anna_200.1 @SHEIN is denying that they have anything to do with it. And the @CDC.govOfficial ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound