Свет
Ердоган не ја исклучува интервенцијата ако Триполи тоа го побара

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, не ја исклучи можноста за интервенција доколку Либија, или официјален Триполи го побара тоа.
Во интервју за турската државна телевизија ТРТ, емитувано од италијанска АНСА, тој ги обвини земјите што го поддржуваат Хафтар за кршење на ембаргото за вооружување поставено од страна на Обединетите нации.
Според италијанската агенција, Турција беше обвинета во минатото за поддршка на провладини милиции кои ги снабдувала со оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Пожар зафати десетици куќи, центарот на градот блокиран: страшна снимка од голем пожар во Холандија

Голем пожар избувна денеска во центарот на холандскиот град Арнем, кој бргу се прошири на десетина згради, а сè уште не е под контрола, изјави портпаролот на противпожарната бригада.
Пожарот најпрвин избувнал во една продавница, потоа се проширил и на другите, а целиот историски дел од центарот на градот бил блокиран, пренесува „НЛ тајмс“.
Brand in Arnhem 🔥🚒 pic.twitter.com/qpONfVcoMy
— Yorick (@YorickB) March 6, 2025
Засега нема информации за повредени, но пожарникарите не можеа да ги пребараат сите запалени куќи поради интензитетот на пожарот.
Пожарот зафатил стари куќи од 18 и 19 век, со дуќани на приземје и станови над нив.
🚨🇳🇱 MASSIVE FIRE DESTROYS FURNITURE STORE IN ARNHEM—NEARBY OIL STORAGE PROTECTED
A major fire engulfed a furniture store and garage in Arnhem, Netherlands.
Firefighters prevented flames from reaching a Shell oil storage facility containing millions of liters of oil.… pic.twitter.com/2mVTkthEsC
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) March 6, 2025
Изгореа десетина продавници и станбени блокови, изјави локалниот претставник Рене Бирман.
Полицијата и пожарникарите прават напори да ги евакуираат сите загрозени жители. За гаснење на пожарот ангажирани се речиси 150 пожарникари.
Heftige beelden van grote brand in centrum van Arnhem! Sloeg over op meerdere historische panden
Meer beelden en info via : https://t.co/zy6HhTo4vR#arnhem #nieuws pic.twitter.com/G9RwFIXS59— HaberArnhem.nl (@HaberArnhem) March 6, 2025
Портпаролот на полицијата рече дека пожарот, најверојатно, довел до испуштање азбест, а локалните жители биле предупредени да не ги отвораат вратите и прозорците.
Градската општина ги отвори своите капацитети за да ги прими евакуираните, а досега таму засолниште побарале педесетина луѓе.
Свет
Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ја смета нуклеарната реторика на францускиот претседател Емануел Макрон за закана.
„Се разбира, ова е закана за Русија. Тој свикува состанок на началниците на генералштабовите на европските земји и Велика Британија тврдејќи дека е неопходно да се користи нуклеарно оружје подготвувајќи се за употреба на нуклеарно оружје против Русија, ова е, се разбира, закана“, рече Лавров на прес-конференција, пренесува РИА „Новости“.
Тој, исто така, ја нарече „нејасна“ изјавата на Макрон за неприфатливоста на капитулацијата на Украина.
Лавров изјави и дека испраќањето европски мировни сили во Украина е продолжување на заканата на режимот во Киев за војна против Русија.
„Овој план за испраќање мировници во Украина е продолжување на заканата на режимот во Киев за војна против нас“, рече Лавров во интервју за весникот на руското Министерство за одбрана „Краснаја звезда“.
Свет
Роберт Фицо: Словачка нема да ги блокира одлуките на самитот на ЕУ доколку продолжи транзитот на гас преку Украина

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека земјата нема да ги блокира конечните одлуки од самитот на ЕУ доколку дискусијата вклучи барање за решавање на обновувањето на транзитот на гас преку Украина.
„Мислам дека е разумно да се спомене потребата да се најде решение за обновување на транзитот на гас со учество на Европската комисија, Украина и Словачка. Доколку конечните одлуки вклучуваат таква формулација, немаме причина да не ги поддржиме“, рече Фицо на седницата на Комитетот за европски прашања пред да отпатува на самитот на ЕУ во Брисел, пренесе ТАСР.
Премиерот исто така призна дека некои членки на ЕУ можеби се против барањата на Словачка.
Toj истакна дека има земји што отворено сакаат војната да продолжи.