Свет
Ердоган предвидува војна на крстот и полумесечината во Австрија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го критикува канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, поради одлуката на владата за затворање седум џамии во таа земја и почнувањето истрага против четириесет имами финансирани од Турција и нивно протерување од земјата, пренесува „Брејтбарт“. Сето ова предизвика бурни реакции кај Ердоган, кој истакна дека таквите мерки водат кон војна меѓу крстот и полумесечината.
„Се плашам дека мерките што ги презема австрискиот премиер водат кон свет на војна меѓу крстот и полумесечината. Изјавија дека ќе ги протераат имамите. Како тоа да се остави без одговор? Нема да седиме со скрстени раце“, порача Ердоган.
Австриската популистичка влада објави за затворањето на џамиите и протерувањето на имамите во петокот утрото како дел од кампањата на владејачката коалиција против радикалната исламска идеологија и влијанието на земјите како Турција врз австриската исламска заедница, објави „Кронен цајтунг“.
Освен истрагата против имамите за кршење на законот за исламот, кој предвидува забрана за финансирање од странство, австриската влада донесе и одлука за протерување од 40 до 60 имами и членови на нивните семејства. Имамите се обинети за примање средства од странство. Во 11 случаи е отворена официјална истрага. На двајца имами веќе не им е продолжена дозволата за престој.
Џамијата на сивите волци на „Антонсплац“, во рамотничкото предградие Фаворитен во Виена, беше затворена поради сомнежи за ширење терористичка пропаганда, а други шест во Виена, Горна Австрија и во Каринтија поради ширење салафизам. Расформирано е и здружението „Арапска верска заедница“, која управуваше со спорните салафистички џамии.
„Паралелните општества, политичкиот ислам и радикализацијата немаат место во нашата земја“, изјави Курц.
Одлуката на австриската влада ја поздравија сите политички партии во земјата, но со критика дека е донесена токму во време на рамазан, како и на почетокот на гласањето на турската дијаспора за изборите во Турција. Турција силно ја критикува оваа одлука и потезите ги нарече расистички и недемократски.
Односите меѓу Анкара и Виена се затегнати од неуспешниот удар против Ердоган во 2016 година, што беше проследен со бран апсења. Говорот на Ердоган им претходи на претседателските и законодавните избори на 24 јуни, на кои тој се соочува со жестока опозиција. За време на минатогодишниот турски референдум за проширување на моќта на претседателот тензиите меѓу Виена и Анкара беа огромни бидејќи Австрија соопшти дека нема да дозволи настани поврзани со изборните кампањи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

